Контакт

Македонија

Љупчо Златев нападнат во кафуле во Скопје

Објавено пред

Љупчо Златев пријавил во полиција дека ноќеска, неколку минути по полноќ, бил физички нападнат во кафуле во Скопје.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека во ходникот на локалот непознато лице почнало да го удира по градите, да го плука и да го влече кон излезот.

„Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше: ‘Излези надвор, многу си ни згрешил, излегувај надвор… ‘ Јас на неговиот напад се спротивставив и не дозволив да ме извлече надвор по што, приклештен пред влезот, тој неколкупати со неговата глава ме удри во пределот на челото. Веднаш кога се случи настанот, од внатрешноста дојдоа гости, кои лицето го истуркаа надвор, а во бунило чув и дека човекот што ме нападна носел пиштол. Им се заблагодарувам на овие десетина добри луѓе, кои не ги познавам, а ме спасија и ги повикувам да ми се јават за соодветно да им се заблагодарам.

Во тие моменти јас бев вчудовиден од тоа што некој што не го познавам сака да ме тепа и постојано прашував кој е човекот и зошто го прави ова?

Еден од оние шот го истуркаа надвор, ми рече дека се работи за лице од Автокоманда, кое е дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Истото лице ми посочи дека надвор пред локалот бил и младиот Мијалков со уште неколку луѓе, а ве потсетувам, додека бев напаѓан, бев туркан кон излезот пред кој тој се наоѓал.

Веднаш по настанот, пријавив во полиција, која експресно дојде, направивме записник и се упатив во болница, каде што ми беа констатирани лесни телесни повреди на главата и ми беше препишана терапија“, напиша Златев.

Тој вели дека се чувствува добро и дека не е сериозно повреден.

ЗА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, ЌЕ МОРА ДА МЕ УБИЕТЕ!

Почитувани пријатели и добронамерници,

Дел од медиумите објавија дека…

Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, July 24, 2020

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

„На 24.7.2020, околу 00.40 часот, во СВР Скопје, Љ. З. (28) од Кавадарци, пријавил дека околу 00.10 часот, во угостителски објект во Скопје, му биле упатувани закани и бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната температура од 25 до 33 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 31 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија

Објавено пред

Клиниката за хирургија, вилици и врат – максилофацијална хирургија информира дека во тек е подобрување на условите во установата. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2.

Проектот се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа на барањата на командата за инженерство на морнарицата и поморските капацитети на САД.

„ И покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19 продолжуваме со подобрување на условите во јавноздравствените установи. На пациентите им овозможуваме квалитетна здравствена заштита на повисоко ниво. Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Првата фаза од реновирањето вклучува изградба на нов лифт, кој ќе ги поврзува приземјето, првиот и вториот кат. Поставување изолација и замена на таванот на вториот спрат, реновирање на болнички соби, простории за вработени, ходници и тоалети“, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Со дислоцирање на старата и дотраена опрема и инвентар, Клиниката доби 27 нови болнички кревети од Министерството за здравство. Исто така, со поддршка од Министерството установата набави агрегат за довод на електрична енергија.

Работниот процес на клиниката се одвива континуирано, согласно движењето на градежните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

НБРСМ: Дозволата на „Еуростандард банка“ е укината на 12 август

Објавено пред

Народната банка информира дека документот кој се споделува во социјалните медиуми во однос на датумот на укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, не е документсо којшто се укинува дозволата за основање и работење на банката. Во документот што се споделува на социјалните режи, стои 1 јуни 2020 година.

„ Со цел правилно информирање на јавноста во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, повторно укажуваме дека дозволата е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал“ соопшти НБРСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион32 минути

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е...

Свет47 минути

Најбрзата развиена вакцина некогаш била готова за 4 години

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15...

Регион1 час

Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји. Тие се обидуваат да ја преминат...

Македонија2 часа

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија15 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија18 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија19 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија19 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија21 час

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ23 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 ден

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет2 дена

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет2 дена

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа2 дена

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Досие