Контакт

Македонија

Ќе се склучуваат договори за размена на доктори и архитекти меѓу земјите од Западен Балкан

Објавено пред

Почнуваат преговори за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан.

Владата на денешната редовна седница го прифати предлогот на Mинистерството за образование и наука за поведување постапка за водење преговори за склучување договор за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан.

Целта на договорот е да се зајакне регионалната трговија на услуги, врз основа на ЦЕФТА-протоколот 6 за трговија со услуги со намалување и елиминирање на пречките за слободно движење на експерти и професионалци во регионот, но и согласно со целите и приоритетите предвидени со Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и повеќегодишниот план за регионална економска зона, а со цел отстранување пречки за признавање на професионалните квалификации. Договорот исто така би ја зголемил и мобилноста на професионалците, а ќе придонесе и за подобро спојување на вештините со потребите на пазарот на трудот и зголемена продуктивност.

Македонија

Таравари: ДУИ оди во опозиција, не го прифаќаме нивниот концепт

Објавено пред

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците на вечерашната прес-конференција алармираше за изборни нерегуларности, но вели дека водат пред ДУИ.

„Ние сме во убедлива предност пред ДУИ“, изјави Таравари по затворањето на избирачките места.

Одговарајќи на новинарско прашање, за изјавата на Бујар Османи од ДУИ, дека сега кога избирачките места се затворени треба сите да се обединат околу концепотот за премиер Албанец, Таравари вели дека ДУИ заминува во опозиција.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои масовно излегле на овие избори и покрај тоа што, според него имале притисоци.

„Би сакал да кажам дека за време на овие избори се регистрирани бројни нерегуларности и тоа од партиите коишто се на власт, СДСМ со ДУИ. Употребено е заплашување на граѓаните, употреба на полиција, ние бевме оштетени од процесот бидејќи немаме членови во изборните комисии и полициските екипи“, вели Таравари.

Според Таравари имало „бугарски воз“ во две села во Куманово.

„Злоупотреби имало и во Сарај, во селата Бојане, Рахович и Глумово. Злоупотреби на гласачите има и во другите изборни единици, но се надевам подоцна нашите екипи ќе ги регистрираат сите и ќе објават на следната прес конференција“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Првичните резултати покажуваат дека победуваме

Објавено пред

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вели дека според првичните резултати кои ги има партијата, тие имаат сигурна победа со огромно водство. Во однос на излезноста, очекувањата се потврдени со оглед дека на гласање излегле над 50 отсто од граѓаните.

Тој кажа дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.

„Наскоро очекуваме први резултати од избирачките места. Со право очекуваме вечерва резултатите да ги потврдат бројните анкети и расположението на граѓаните за кое што бевме сведоци во текот на кампањата низ целата земја. Очекуваме сигурна победа за СДСМ и чист мандат за Коалицијата ‘Можеме’. Уште еднаш во оваа прилика им благодарам на граѓаните и институциите, бидејќи целиот изборен процес минаа во најдобар ред. Очекувам дека и другите политички субјекти ќе честитаат на институциите и државата за успешно спроведениот демократски, европски, изборен процес. Првичните резултати кои стигнат до мене од избирачките места, покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата ‘Можеме’“, рече Николовски.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои со гласањето придонеле кон изборниот процес.

„Денеска имавме мирен, достоинствен и здравствено безбеден изборен ден, како што доликува на слободна, демократска, европска држава. Им благодарам на сите граѓани кои излегоа да гласаат почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот и го дадоа својот придонес кон развојот на нашето демократско општество. Чинот на гласање е наш влог во демократскиот прогрес и напредок. Сведоци сме на демократски изборен процес. Во овие вонредни околности, уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици, да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процес“, додаде Николовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Објавено пред

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од вкупно 3.480.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, рече дека очекува бројот да се зголеми со оглед на тоа што овие податоци се од петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места.

Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмал и понатаму останува одѕивот во Шестата изборна единица со 39,23 проценти. Во Првата изборна единица одѕивот е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата – 57,31 и во Петтата – 50,16 отсто.

Општини со поизразен одѕив во Првата изборна единица се Карпош со 53,73 отсто, Аеродром со 51,74 отсто, Кисела Вода со 52 ,77 отсто, Македонски Брод со 70, 09 отсто, Сарај со 52,02 отсто, Сопиште со одѕив од 59,55 отсто, Центар со 52,72 отсто и Чаир со 47,58 отсто.

Во Втората изборна единица поголем одѕив ДИК бележи во Арачиново – 47,21 отсто, Бутел – 50,67 отсто, Гази Баба со 50,69 отсто, Ѓорче Петров со 51,91 отсто, Старо Нагоричане со 53,64 отсто и Шуто Оризари со 33,58 отсто.

Во Третата изборна единица со вкупен одѕив од 57,41 отсто, поголем одѕив е забележан во Берово – 63,36 отсто, во Велес – 53,08 отсто, во Делчево – 58,67 отсто, во Штип – 56,65, 55,15 во Петровец, 72,32 отсто во Крива Паланка и Илинден со 52,44 отсто.

Во Четвртата изборна единица со вкупен одѕив од 58, 85 отсто, поголем одѕив бележат Василево – 58,07 отсто, Гевгелија – 69,25 отсто, Демир Капија со 69,47 отсто, Кавадарци со 62,53 отсто, Прилеп – 61,23 отсто, Неготино со 69,95 отсто и Струмица со 57,15 отсто.

Во Петтата изборна единица се издвојуваат Битола со 56,57 отсто, Дебар со 40,28 отсто, Кичево со 51,58 отсто, Крушево со 70,21 отсто, Ресен со 48,72 отсто, Струга со 41,92 отсто и Охрид со 54,63 отсто.

Во Шестата изборна единица Тетово има одѕив од 45,53 отсто, Гостивар има 37,9 отсто, Брвеница има одѕив од 39,64 отсто, Јегуновце – 45,81 отсто, делот од Кичево во „шестката“ има одѕив од 37,25 отсто и Врапчиште има одѕив од 31,09 отсто.

Претседателот Деркоски им се заблагодари на граѓаните за изборниот ден во исклучително комплицирани услови.

„Им честитам на граѓаните за изразениот демократски капацитет“, рече Деркоски и најави дека во ДИК за половина час ќе почнат да стигнуваат резултати.

Денес, гласањето, наместо вообичаените 12 часа, траеше 14 часа поради примената на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија2 часа

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија2 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија4 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија5 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија6 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија6 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија7 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија8 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија9 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион9 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет10 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија11 час

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија13 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион13 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија14 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија15 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија15 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија23 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет1 ден

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Досие