Контакт

Македонија

Џамбаски во Македонија планира да го слави Гоце Делчев, премиерот нема одговори дали ќе го пуштат да влезе во државата

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ќе треба да одлучи дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, заедно со други лица од Бугарија, ќе биде на листата за персона нон грата и ќе му биде забранет влез во Македонија. Ова го посочи премиерот Димитар Ковачевски, кој немаше конкретен одговор дали Џамбаски и другите Бугари ќе бидат ставени на таа листа.

dobivaj vesti na viber

Во исто време европратеникот Џамбаски веќе најави дека на 4 февруари ќе биде во Македонија пред гробот на Гоце Делчев. Ковачевски гарантира дека одбележувањето на денот на раѓањето на великанот ќе помине мирно.

„Сè што е во надлежност на Владата ќе биде направено со цел да се гарантира мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев. Тие активности (прогласување за персона нон грата) се на МВР и се спроведуваат врз основа на Законот за странците и одредбите што регулираат кое лице не може да влезе во државата, а поради активности што ги нарушуваат односите меѓу државите. Без разлика ако е политичар или друго лице, ако МВР го идентификува таквото лице, тоа не може да влезе во државата. Достоинството на нашата држава е врвен приоритет“, посочи Ковачевски.

Во исто време Џамбаски го прозва претседателот Стево Пендаровски.

„Пендаровски, познат како Стево Коминтерната, рече дека ќе ми забрани да се поклонам пред саркофагот на Бугаринот Гоце Делчев?! Не можам да одбијам толку убава покана. Стево, те чекам да дојдеш!“, напиша Џамбаски.

Џамбаски во минатиот период пишуваше дека Македонија е Бугарија, дека не постои како држава, но и дека Северна Македонија е измислица на Тито. Ковачевски, пак, рече: „Не може провокатори да развиваат односи, тие само сакаат да уништуваат односи“.

„Ги осудувам сите што шират немир, прават провокации, со цел односите меѓу државите да се нарушат. МВР и другите институции треба да постапуваат во согласност со законот за сите што ги шират провокациите и кои сакаат да ги нарушат односите во државата и државите во регионот. Тоа се однесува на наши граѓани и на граѓаните во странство“, додаде Ковачевски.

Македонија

СДСМ: Изјавите на Мицкоски дека бил доброволец во 2001 покажуваат дека е заложник на Апасиев

Објавено пред

Милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Владејачката партија коментира дека Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување“, велат од СДСМ преку соопштение.

Мицкоски пред два дена му се спротивстави на претседателот на ДУИ Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и oти Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на неговата фамилијаи на луѓето што го опкружуваат на сметка на инвалидите, кои го загубија животот.

Синоќа Ахмети повторно се надоврза на изјавите, порачувајќи дека Мицкоски не бил учесник во војната и ја гледал само на телевизија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарската комисија за надворешна политика усвои декларација: „Осуда за насилството врз Бугарите во Северна Македонија“

Објавено пред

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала.

dobivaj vesti na viber

Документот, како што е наведено, „категорично ги осудува актите на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата“. Се додава дека Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите. Заштита на правата на бугарските граѓани со бугарска самосвет во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите содржани во преговарачката рамка, се наведува во декларацијата што во целост ја пренесе БГНЕС.

– Со почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и на демократските принципи вградени во актите на Советот на Европа;

– Врз основа на Договорот за Европската унија и Договорот за функционирање на Европската унија и вредностите вградени во нив, особено „вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, како и почитување на човековите права“ и „плурализам, недискриминација, толеранција, правда и солидарност“;

– Со потврдување на фундаменталното значење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2017 година и важноста на билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година, како и Одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание на Република Бугарија во врска со проширувањето на Европската унија и преговарачкиот процес со Република Северна Македонија од 24 јуни 2022 година;

– Со повикување на институциите во Република Северна Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно ќе ги нарушат односите меѓу двете земји и нивните граѓани,

ИЗЈАВА:

1. Категорична осуда за актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во Северна Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство против Бугаринот Христијан Пендиков, и цврсто инсистирање на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и доведување на сторителите пред правдата;

2. Осуда на говорот на омраза во Северна Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичката, јавната и медиумската средина. Повик до властите и институциите во Северна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Се изразува целосна подготвеност за обезбедување на каква било помош за постигнување на оваа цел, вклучително и заеднички со меѓународните партнери и институции;

3. Се отфрла континуираното негирање, омаловажување и отклонување на одговорноста за постоењето на проблем со правата и безбедноста на Бугарите во Северна Македонија;

4. Приговор на трајно неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година;

5. Загриженост дека ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што служи на интересите на земјите од трети страни;

6. Противење на измените во Законот за здруженија и фондации од 2022 година, кои го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија. Овие промени може да ги попречат и предодредат активностите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана со договорот од 2017 година за одредени периоди и лица;

7. Отфрлање на лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија и сфаќање како намерно влевање омраза против Бугарија и Бугарите;

8. Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија, исто така, мора да се гарантира преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлука на Четириесет и седмото Национално собрание од 25 јуни 2022 година;

9. Повик до граѓаните, организациите и институциите во Северна Македонија, кои се вистински посветени на демократските вредности и европскиот пат на земјата, да заземат јасен став и да инсистираат на потребната промена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оцени опозицијата

Објавено пред

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оценува ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека дојде ред на толку потпишани договори, анекси, протоколи и слично, односите меѓу двете земји да бидат тема на Советот за безбедност и да дојде спуштање на нивото на дипломатските односи.

dobivaj vesti na viber

Од тука сметаат дека тоа е резултат на попустливоста на власта на СДС и ДУИ, што пак е последица на криминогеноста на нејзините функционери.

„Ковачевски и Пендаровски и должат одговори на македонската јавност како дојде до оваа студена дипломатска војна? Како дојде до тоа “маргиналните“ ликови од Бугарија да станат тема на Совет за безбедност во Македонија? Што работат нашите служби во насока на спречување на тие, како што вели Пендаровски структури од Бугарија под инструкции на странска служба?

Пендаровски и Ковачевски не треба да глумат изненадени. Овие структури, политичари и навреди кои тие ги упатуваат кон Македонија и македонскиот народ не се од вчера, само што нашите власти не превземаа ништо тоа да го спречат и да ги заштитат националните и државните интереси.

Со кусогледоста, аматерскиот пристап во дипломатијата и со дебелиот криминален багаж кој што оваа власт на СДС и ДУИ го има очигледно се загрозува Македонија. Нивната килавост раѓа нови и нови понижувања за Македонија.

Ова мора да се смени. Понижувањата на Македонија мора да престанат. Оваа власт мора да замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

СДСМ: Изјавите на Мицкоски дека бил доброволец во 2001 покажуваат дека е заложник на Апасиев

Милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна,...

Македонија44 минути

Бугарската комисија за надворешна политика усвои декларација: „Осуда за насилството врз Бугарите во Северна Македонија“

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала. Документот, како...

Македонија1 час

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оцени опозицијата

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оценува ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека дојде ред на толку потпишани договори, анекси,...

Македонија2 часа

Ахмети од Тетово: Мицкоски гледал војна само на телевизија

Мицкоски гледал војна само на телевизија, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети од Тетово, откако претходно првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет2 часа

Објавена снимка од полицајците во Мемфис кои брутално претепаа афроамериканец

Пет сега поранешни полицајци од американскиот град Мемфис се обвинети за убиството на 29-годишниот Тир Николс, афроамериканец кој беше претепан...

Свет2 часа

Светот го осудува масакрот во Ерусалим

Обединетите нации и неколку земји го осудија нападот на палестински вооружен напаѓач на периферијата на Ерусалим во близина на синагога...

Свет14 часа

(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени. –...

Свет16 часа

Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници...

Свет17 часа

Кина: Америка е земја насилник која ги крши правилата

Кина денеска остро го критикуваше Вашингтон на состанокот на Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи ги САД унилатерален насилник и земја...

Свет18 часа

Америка: Го убивме лидерот на Исламската држава

Американските сили го убиле лидерот на Исламската држава Билал ал-Судани и 10 негови оперативци во северна Сомалија, објавија американските власти....

Европа20 часа

Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени...

Македонија21 час

27 Јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пригодно одбележан во МНР

Во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на холокаустот. Настанот почна...

Македонија22 часа

Милков: Ќе го вратиме амбасадорот ако се почне со дијалог на високо министерско ниво

Ако се обезбедат услови за почнување дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија или ако премиерот Ковачевски го убеди...

Македонија23 часа

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се...

Македонија23 часа

Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу...

Европа23 часа

Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската Унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава...

Топ24 часа

Истрага за пет лица, кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за...

Европа1 ден

Поранешен генерал е фаворит за претседател на Чешка

Поранешниот командант на чешката армија, Петр Павел, прозападен кандидат, кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот...

Свет1 ден

Пред 78 години беше ослободен Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Познатиот германски филозоф Теодор Адорно во своето дело „Културна критика и општество од 1949 година“ ја објави познатата реченица: „Пишувањето...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски: Благодарение на системите од Западот ги соборивме повеќето руски ракети

Најмалку 11 лица загинаа во серија руски напади во Украина откако Киев доби ветувања од САД и Германија дека ќе...