Македонија
Џафери во Албанија ќе присуствува на ратификувањето на протоколот за НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе отпатува на работна посета во Република Албанија.
Kако што соопшти собраниската прес-служба, за време на посетата Џафери ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија, закажана за в четврток, на која ќе се ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот на нејзината кандидатура. Реакциите се движеа од позитивни, преку говор на омраза и сексизам за нејзиниот изглед, до коментари од типот „како е можно вмровски кандидат да биде поранешна министерка во Владата на Бранко Црвенковски“ и зошто премолчела голем дел од општествените случувања за време на владеењето на Никола Груевски.
Во интервју за „Макфакс“ таа одговара на дел од овие прашања, нејзините ставови за Шарената револуција, оценува што би направила различно доколку би била избрана за претседател, а јасно ги изразува и своите негодувања во однос на Договорот од Преспа. Вели дека е легалист и дека е должна да го прифати Договорот, но дека „прашањето се уште не е затворено“
„Јас немам проблем да има компромис со име кон надвор, ама име кон сосед за внатре е крајно чудно решение“, вели таа.
Силјановска тврди дека слушала дека нејзиниот молк значел поддршка на „груевизмот“ и додава дека Груевски го сретнала само еднаш, кога се дискутурало за Законот за високо образование“.
„Професорите не треба да се секогаш присутни по медиумите, но секогаш кога ме пшовикувале да кажам свој став, тоа сум го правела. Кај нас има таканаречени ‘прекувремени медиумски фабрички работници’ кои цело време се по телевизии и го окупираат медиумскиот простор. Јас не сум таква личност“, тврди Силјановска.
Таа вели дека кај неа преовладал инаетот и фактот дека очекувала промени по промената на власта, но и дека неколкупати се предомислувала пред да ја поднесе кандидатурата.
„Мотото на Шарената револуција беше ‘нема правда, нема мир’, а сега е ‘нема правда, има мир’. Шарената револуција не даде резултати“, вели таа.
Децидно стои на ставот дека не е врзана за ниту една политичка партија и дека нејзиното време на партиски активизам е поминато.
„Партија бирам еднаш, повеќе не. Во 1994 година ја видов политиката одвнатре и сфатив дека тоа не е мојот живот“, тврди Силјановска, додавајќи дека таа е критичар на секоја власт, па затоа не се пријавила на конкурсот на СДСМ за претседател на државата.
„Но, да беше конкурсот во времето кога владееше ВМРО-ДПМНЕ, можеби не би било проблем“, вели таа.
Силјановска од утре ќе собира потписи за претседателската кандидатура низ сите подрачни канцеларии низ ДИК во земјава.
Македонија
Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за исчезнати им биле вадени органи. Во изјава за „Макфакс“, директорот на Институтот, Александар Станков, тврди дека се утврдуваат причините за смртта кај последните два случаи, 39-годишната скопјанка чие безживотно тело беше пронајдено во водите на Вардар, и 35-годишниот скопјанец кој беше пронајден мртов во бездна во Нерези.
„Сме немале случај на некое починато лице да му недостигаат органи. Ниту кај 39-годишната жена, ниту кај момчето. Кај жената е извршена обдукција, додека за момчето анализите се во тек“, вели Станков.
И од МВР вчера ги демантираа информациите што се шират во јавноста и апелираа да не се шири паника кај граѓаните, откако на социјалните мрежи почнаа да се шират статуси дека на дел од исчезнатите лица при пронаоѓањето им недостасувале органи, односно дека можеби се работи за трговија со органи.
„Апсолутна лага е дека имало некакво вадење органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста“, велат од МВР и потенцираат дека статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 отсто.
Македонија
СДСМ: Презедовме морални чекори и покрај тоа што вработувањата беа транспарентни

СДСМ презел морални чекори и покрај тоа што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите, велат од владејачката партија по обвинувањата за непотизам што денеска ги изнесе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Од СДСМ апелираат до најголемата опозициска партија да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите кои им ги обезбедиле за време на 11-годишното владеење.
„Еве шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11-годишно владеење. Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места. И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Додаваат дека за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту, пак, признаен.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа