Контакт

Македонија

Џафери за Денот на децата: Чекорете храбро и сигурно, бидете предвесникот на светлата иднина за сите

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им го честита Денот на децата, посакувајќи им среќно детство и здравје. Во неговото обраќање во Законодавниот дом Џафери порача дека иако со Универзалната декларација и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации се утврдува 20 ноември како Универзален ден на децата, тоа не значи дека преостанатите 364 дена не треба да го славиме, да се грижиме и да ги штитиме вашите права и да овозможиме ваш нормален раст и развој.

„Вие сте наша одговорност, наша совест и тоа што ќе вградиме во вас, она на што ќе ве учиме и за што ќе ви бидеме пример е тоа во што ќе го претворите светот токму вие во иднина. Затоа што, како што вели и почитуваниот Џон Ф. Кенеди, цитирам: ‘Децата се живи пораки што ние ќе ги пратиме во времето што нема да го видиме’ (крај на цитат), и доколку сакаме тоа време да биде време на мир, на безбедност, на благосостојба и време на среќни деца/односно граѓани затоа што личност е личност, без разлика колку е физички мал, тогаш треба да водиме сметка за тоа ниту едно дете во светот дане биде лишено од правото на живот, правото на семејство и семејна топлина, правото на изразување на своите мисли и ислушување и постапување по истите. Ниту едно дете не смее да биде жртва на насилство од сите видови, жртва на принудна работа, сведок на војна или уште полошо, учесник во воени конфликти.

Ви благодарам за довербата што ми ја укажувате со оваа порака и ве охрабрувам да продолжите со овој „Марш за еднакви права на сите деца“ почнувајќи од Собранието на Република Северна Македонија, ова е ваш дом, ова е ваш град и ова е ваш свет, чекорете храбро и сигурно, бидете предвесникот и ветерот на светлата иднина за сите!“ истакна Џафери.

Македонија

Следува променливо време со дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

В четврток ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено в сабота, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен в сабота.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кината и театрите може да работат според протоколите за организирање настани

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе одлука да се отворат културните институции.

Во однос на работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести во согласност со што за овие дејности ќе важи веќе донесениот протокол за организирање настани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Објавено пред

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата на седница го усвои извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесените барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство за периодот од 2 септември до 14 септември.

Во однос на основните училишта, шест државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно училиште, 15 централни општински основни училишта и 147 подрачни основни училишта ќе добијат дозвола за настава со физичко присуство, а услови за настава со физичко присуство не исполнувале 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни и 2 приватни училишта.

„Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта, од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортската академија)“, стои во соопштението на Владата.

По предлог на Комисијата за заразни болести, денеска усвоен е и протоколот за работа на едукативните центри, музичките училишта и центрите/училиштата за странски јазици во услови на епидемија на Ковид-19.

Градинките, училиштата и факултетите беа затворени со одлука на Владата, која беше донесена на 10 март годинава поради коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија5 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија5 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет7 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија10 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија11 час

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија12 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија13 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет13 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа15 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт15 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија15 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија15 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет16 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија16 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија17 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија18 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие