Контакт

Македонија

(Видео) Џафери: Нема кеш за пратениците за референдумска кампања, Собранието ќе се рекламира само во телевизии и радија

Објавено пред

Нити пратениците ниту партиите нема во кеш да добиваат пари од предвидените 80 милиони денари за кампања за референдумот, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

„Средствата за кампања се на посебна сметка. Ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се изјаснија ‘за’ или ‘против’. Иако 49 пратеници рекоа да се пренаменат, не може, средства остануваат. Собранието откупува медиумски простор. За кампањата ‘за’ ќе може да се потрошат 59 посто од сумата, а за кампањата ‘против’ остануваат 41 посто од предвидените средства“, појасни Џафери и додаде можат да се закупат максимално 9 минути на реален час програма.

„Колку ќе потрошиме од максимумот, толку ќе платиме, во согласност со дневниот медиаплан“, рече претседателот на Собранието.

Парламентот наменските средства не може да ги троши за други намени, останатите непотрошени средства ќе се вратат во буџетот, повтори Џафери.

„Ние имаме обврска да откупиме медиумски простор според одлуката на ДИК. Практичната работа на пратениците е во доменот на нивните овластувања. Дали ќе имаат средби или ќе одат од врата на врата, тоа е личен избор“.

Законот дозволува сите заинтересирани да се вклучат во кампања, но од сопствени средства.

Џафери за Милошоски рече дека тој е дел од ВМРО-ДПМНЕ и не може да се третира индивидуално. Собранискиот претседател истакна и дека кампањата ќе ја водат транспарентно.

„Свесни сме дека голем дел од граѓаните ги знаат придобивките од членството, што е потврдено и преку анкетите кои покажуваат дека поддршката за ЕУ и НАТО не паднала под 70%, а свесни сме дека има и граѓани кои не го поддржуваат членството на земјата во овие институции“, кажа тој.

Државните институции имаат обврска да му овозможат на секој граѓанин на 30 септември да донесе одлука, добро информиран, и преку својот глас да ја искаже својата волја, додаде Џафери. На крајот, ги повика сите учесници во кампањата да бидат коректни и достојни.

Македонија

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Објавено пред

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет Тврдина“, во исказ пред судот рече дека со неговите колеги гледале како ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски од нивните компјутери се логираат на системот за следење на комуникациите.

„Се логираа од компјутери што беа поврзани на системот ‘Најс’“, рече сведокот пред судот.

Трајковски, на прашање на СЈО, рече дека Мијалков и Грујевски се најавувале од четвртата зграда во МВР, од првиот кат, каде што бил кабинетот на директорот на тајната полиција и од третата зграда од првиот кат, во т.н. началничка канцеларија, за што во системот биле генерирани соодветни букви кои асоцирале кој од каде се логира да следи.

Трајковски, кој е трет сведок на СЈО во постапката, ги појаснуваше значењата на корисничките имиња преку кои се логирале корисниците на овој систем. Тој рече дека броевите кои требало да бидат ставени на системот за прислушување биле давани на обично ливче, а во најмалку еден случај за тоа видел писмена наредба т.е. одобрение од суд.

Сведокот рече дека Мијалков и Грујевски можеле да ги слушаат разговорите и да ги гледаат сите таргети кои биле ставени во системот на групата наречена “важно”, но не можеле да маркираат броеви и да ги експортираат податоците.

Првото рочиште за предметот се одржа на 17 јануари 2018 година, а постапката беше закочена неколку месеци поради сослушување на првите двајца сведоци на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет СЈО го подигна на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Годинава за четири пати зголемени казните за нарушување на јавната чистота во Скопје

Објавено пред

Во периодот јануари – мај 2019 година се изречени вкупно 649 мандатни казни од страна на комуналните редари на Град Скопје, што претставува четирикратно зголемување на бројот на изречени казни во споредба со истиот период во 2018 година, кога биле изречени 149 мандатни казни, информираат градските власти.

Од таму додаваат дека редарите во изминатиот период ги засилиле контролите на терен што резултирало со зголемување на казните и опомените со видливи резултати.

„Изречените мандатни казни се однесуваат на сторени прекршоци според Законот за јавна чистота, член 14, според кој се забранува фрлање и оставање градежен шут на јавните површини; фрлање и оставање различни видови отпадоци; оставање стари предмети од домаќинство; палење, закопување и уништување смет; продажба и излагање земјоделски и индустриски производи, освен на местата определени за таа намена; превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, сено, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец; вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала; палење и уништување на садовите за собирање смет; уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта)“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Властите апелираат до граѓаните да ја чуваат и да не ја загадуваат животната средина, ѓубрето да го фрлаат исклучиво во контејнерите и корпите за отпадоци, да го чуваат зеленилото, прописно да паркираат и да ги почитуваат одредбите од Законот за јавна чистота.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседавачот на ОБСЕ, Лајчак во дводневна посета на земјава

Објавено пред

Претседавачот на ОБСЕ и Министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, денеска и утре е во посета на земјава.

Лајчак ќе се сретне со претседателотСтево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови“.

Тој ќе има заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Димитров, на 19 јуни во 10.30 часот во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет Тврдина“, во исказ пред судот рече дека со...

Свет1 час

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреси во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет2 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија2 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија3 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech5 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток17 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија18 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија22 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија23 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија24 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија1 ден

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион1 ден

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт2 дена

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести2 дена

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт2 дена

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет2 дена

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Досие