Контакт

Македонија

Џафери: Нема правен основ за наркотест на пратениците

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би можела да се реализира иницијативата од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наркотест на пратениците.

„Ве информираме дека во Законот за пратениците, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија нема правен основ според кој претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат иницијативата на независната пратеничка група“, се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери.

Во него се додава и дека претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, на која координатор е Елизабета Канческа-Милевска, доставија во Собранието иницијатива за доброволно тестирање на наркотици на сите пратеници.

Иако Џафери ја отфрли ваквата иницијатива, од неговиот кабинет информираат дека пратениците и вработените во Собранието одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба.

„Последниот систематски преглед се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година“, се истакнува во соопштението.

Од кабинетот на парламентарниот спикер исто така велат дека не се точни тврдењата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оти претседателот на Собранието може и без формално поведена иницијатива, да утврди одговорност на пратеник.

Инаку, претходно, идејата за наркотест на пратениците ја прифатија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а барањето следуваше по реакциите во јавноста за објавената аудиоснимка на руската социјална мрежа „Вконтакте“ со наслов „Павле Богоевски нарачува кокаин“.

Македонија

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Објавено пред

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната. Во издржувањето на казнатаќе му биде пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор започнувајќи од 15.7.2019 година.

На денешното рочиште за „Рекет“ од домашен притвор треба да биде донесена второобвинетата Катица Јанева, а првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор – Скопје каде што е во притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Промоција на Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи

Објавено пред

Денеска со почеток во 12 часот во Медија центарот на Владата, премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска ќе се обратат на промоцијата на Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи.

Проектот е имплементиран од страна на Министерството за финансии со средства од ЕУ за развој на руралната инфраструктура, во соработка со Светската банка како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Богојески: „Македонски концепт“ е поинаква платформа, се надеваме дека граѓаните ќе ја прифатат

Објавено пред

„Македонски концепт“ е нова политичка платформа, која на граѓаните ќе им понуди длабоки реформи во секој поглед на општеството, концепт за кој ќе се обединиме со заеднички идеи и принципи, рече Петар Богојески, кој ја промовира платформата.

Богојески кажа дека засега ова ќе биде граѓанска платформа, која веќе почнале да ја презентираат на терен меѓу граѓаните, при што не одговори дали идејата е оваа платформа да премине во политичка партија.

„’Македонски концепт’ засега е платформа, не е партија, и засега целта ни е да обединиме повеќе граѓани преку поинаква идеја, кои ќе понудат решенија и излез од состојбата во која се наоѓа државата. Јасно ни е дека на државата не ѝ е потребна онаа реставрација на минатото што ја нуди ‘Обнова за Македонија’ или она што веќе го имаме од програмата ‘Прав пат’ на СДСМ, сметаме дека ни е потребен нов пат, наш пат на вистински реформи. На Македонија ѝ се потребни длабоки суштински реформи, реставрација на системот, кој е во дисконтинуитет во последните 30 години. Отворени сме за соработка и ги повикуваме не само граѓаните туку и организациите и политичките партии да се обединиме заедно, не по хиерархија, туку по понуда на решенија за да изградиме подобра Македонија“, истакна Богојески на претставувањето на платформата.

Тој не одговори конкретно ниту како ќе се позиционираат на изборите, повтори дека тоа зависело како ќе бидат прифатени од граѓаните на терен.

„Тоа зависи од граѓаните. Зависи како идејата ќе помине на терен. Ако имаме добри шанси и прифатеност на терен, ќе видиме какви се шансите за друг облик на политичко дејствување. Но, за тоа дополнително ќе донесеме став“, додаде Богојески.

Во однос на финансирањето на „Македонски концепт“,  рече дека платформата се финансирала од пријатели и спонзори, кои препознале успешна идеја за поддршка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија11 минута

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа11 час

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет15 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија17 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија17 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија18 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија21 час

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура21 час

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион22 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет23 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија23 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет23 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт24 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа24 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет24 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет1 ден

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион1 ден

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија1 ден

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија2 дена

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Досие