Контакт

Македонија

Џафери: Подаваме рака за обединување на албанските гласови

Објавено пред

„Како што веќе знаете, онаа мала драма и неизвесност околу изборниот ден веќе заврши и дозволете да изразам задоволство што, и покрај големите притисоци и непотребно создадената хистерија во јавноста, сепак тоа го направивме на вистинскиот начин: инклузивно, со консензус, преку изграден компромис. Со тоа им обезбедивме на граѓаните можност на 15
јули навистина да имаат суштински избор за тоа кому ќе му ја дадат довербата да ги претставува во наредните четири години, но и ја поштедивме државата од нова политичка криза, која, ќе се согласиме, во вакви моменти навистина не ни е потребна“, изјави на прес-конференција Талат Џафери, носител на листата на ДУИ во петтата изборна единица.

„А кога веќе тоа го завршивме, одговорно е пред граѓаните да ги дооформиме и претставиме политичките платформи со кои ќе ја бараме нивната доверба. Веќе знаете, столбот на нашата изборна платформа, носечката политичка понуда на ДУИ за граѓаните е да обезбедиме
политичка поддршка, да создадеме услови, атмосфера по изборите да го добиеме и првиот премиер Албанец. И еве дозволете и јас да се изјаснам, тоа е добра понуда на која ѝ верувам и силно ја подржувам. Тоа несомнено ќе значи рушење на последниот симбол на моноетничкиот стереотип при распределба на клучните функции во државава. Јас лично ја
имав таа привилегија да покажам дека се работи за наметнат стереотип, за вградена нетрпеливост и недоверба при моето назначување за претседател на Собранието. Денес веќе никој не чувствува ниту закана, ниту некаков недостаток од фактот што Албанец веќе три години го предводи Собранието и дозволете да бидам нескромен, улога која сметам дека добро ја извршував. Уште повеќе, сметам дека во некои клучни моменти – претставуваше вистинска предност што не бев дел од водечките партии на етничките Македонци, што ми овозможи да делувам како арбитер, платформа која обезбеди услови за да се изгради денешниот консензус“, вели Џафери.

Тој додава дека тоа му дава право, со сето стекнато искуство, но и со целиот личен кредибилитет да застане уште поцврсто и зад оваа идеја – Република Северна Македонија да го добие првиот премиер Албанец.

„Притоа, дозволете да бидеме искрен, за мене ова е многу повеќе од изборна платформа. А очигледно не е само за мене, не измина ниту една недела откако беше пласирана оваа идеја, а веќе е тоа главен муабет во чаршијата, по пазарите во домовите, главна тема за дебатирање и на социјалните мрежи и во медиумите. Она што најмногу ме радува е што оваа
идеја најмногу ја прифатија младите, затоа што токму тие сакаат да живеат во општество без стереотипи за тоа: кои се, каква им е традицијата, културата; каков јазик зборуваат, во каква религија веруваат итн., затоа што тие сакаат да живеат во држава која навистина
нуди еднакви можности за сите, без никакво ограничување или привилегии за никого.

Ако сме целосно искрени, идејата за премиер Албанец веројатно најмногу се разговара и во штабовите на нашите политички конкуренти кои, исто како и ние, се борат за гласовите на Албанците. И ова не го кажувам со иронија или потсмев, туку затоа што денес сакам да им се обратам и ним: Точно е, идејата за првиот премиер Албанец излезе од ДУИ, но тоа не
треба да претставува хендикеп да се обединиме околу оваа благородна идеја. Ајде прво ние, партиите на Албанците во државава, да се обединиме околу оваа идеја, да ѝ дадеме натпартиски предзнак и со тоа да ги охрабриме Албанците уште еднаш да се обединат околу нивните интереси“, вели Џафери.

Тој додава дека нудат премиер Албанец, а не по секоја цена премиер од ДУИ, што претставува силно подадена рака пред сè до партиите на Албанците, заеднички да застанат зад оваа идеја.

„Еве денес испраќам јавна понуда со која се откажуваме од ексклузивитетот на оваа идеја:
Ајде да оформиме заедничка платформа, заедничка декларација, да дадеме завет, дадеме беса пред граѓаните дека сите ние, избраните пратеници во следното Собрание, ќе се обврземе дека ќе ја дадеме политичката доверба на она мнозинство во Собранието кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја. Тоа е сериозна понуда, тоа е храбра политичка одлука, но ве уверувам, тоа е најдобриот начин да ја вратиме довербата на Албанците во политиката, во нас, политичарите, дека без разлика на нашите несогласувања, во клучните моменти, за клучните прашања, имаме капацитет и доблест да се обединиме во интерес на граѓаните“, додава тој.

Македонија

ДИК најави резултати во 23 часот

Објавено пред

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.

Портпаролот на Државната изборна комисија најави резултати два часа по затворањето, во 23 часот.

„Кога ќе заврши гласањето во 21 часот, има процедури за пополнување обрасци по што ќе почне електронската дистрибуција на податоците до ДИК. Нашите пресметки се дека најдоцна до 23 часот ќе имаме значен број обработени податоци“, рече портпаролот Шабани.

До затворање на избирачките места останува помалку од еден час.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Објавено пред

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45,77 отсто. На 3.463 гласачки места до 19 часот гласале 830.370 граѓани.
Во Изборната единица 1 одѕивот е 47,4 отсто, во Втората изборна единица одѕивот е 43,4 отсто, Третата изборна единица има одѕив од 51,52 отсто.

Четвртата изборна единица има одѕив од 63,24 отсто, во Петтата изборна единица на гласање излегле 44,89 отсто и во Изборната единица 6 на гласање излегле 35,49 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

„Општини со поголем одѕив во Првата изборна единица се Македонски Брод со 64,68 отсто и Сопиште со 63,64 отсто. Во Втората изборна единица се издвојува Бутел со 47,2 отсто и Ѓорче Петров со 47, 56 отсто. Во Изборната единица 3 се издвојуваат Берово со одѕив од 56,45 отсто, Лозово 65,25, Ранковце со 60,37 отсто. Во Четвртата изборна единица се издвојуваат Гевгелија со 62,17 отсто, Демир Капија 62,31 и Неготино 62,98 отсто. Во Петтата изборна единица се издвојува Вевчани со 64,11, Кривогаштани со 63,1 и Демир Хисар со одѕив од 62,98 отсто, во Шетата изборна единица со поголем одѕив се Брвеница со 35,23 отсто, Јегуновце со 40,52 отсто и Тетово со 40,93 отсто“, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.

Во ДИК нема нови приговори и пријави по 17.30 часот, а се прави анализа колку траел прекинот на гласањето во Липково за да се утврди дали гласањето ќе биде продолжено за онолку колку што траел прекинот. Портпаролот Шабани објасни дека доколку се утврди оти прекинот траел повеќе од еден, но помалку од три часа, гласањето ќе биде продолжено и по 21 часот. Според Изборниот законик, доколку прекинот е подолг од три часа, гласањето не продолжува.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Објавено пред

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. По ова, била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор.

На прес-конференцијата „Мост“ ги објави податоците добиени од ПВТ-програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:

Во Изборната единица 1 до 15 часот одѕивот е 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31, до 18 часот – 45,13 отсто, а во ИЕ 2 – до 15 часот – 31,78, до 16 часот – 34,88, до 17 часот – 37,88, до 18 часот – 41,06 осто.

Во „тројката“ – до 15 часот одѕивот е 37,27, до 16 часот – 40,45, до 17 часот – 43,95, а до 18 часот – 47,64 отсто.

Во другите изборни единици: ИЕ 4 – до 15 часот – 37,87, до 16 часот – 41,71, до 17 часот – 45,83, до 18 часот – 50,25 отсто, во ИЕ – 5 до 15 часот – 33,10, до 16 часот – 36,44, до 17 часот – 39,56, до 18 часот – 42,70 осто а во „шестката“ – до 15 часот – 24,78, до 16 часот – 28,23, до 17 часот – 31,19, до 18 часот – 33,97 отсто.

На претходните прес-конференции „Мост“ објави дека нивните набљудувачи не забележале неправилности во гласањето. Терминот на последната прес-конференција, на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ-програмата за одѕивот и распределбата на гласовите, дополнително ќе биде објавен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија40 минути

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45,77 отсто. На 3.463 гласачки места до 19 часот гласале 830.370...

Македонија53 минути

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија2 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија4 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија4 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија4 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија5 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија7 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија7 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион7 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет8 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија9 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија11 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион12 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија13 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија13 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија14 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија21 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет23 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Досие