Контакт

Македонија

(Видео) Џафери: Простувам, но не заборавам што се случи

Објавено пред

Претсeдателот на Собранието, Талат Џафери, на прес-конференција, заедно со премиерот Зоран Заев и другите пратеници од мнозинството, рече дека првпат влегува во прес-салата каде што се случи упадот на 27 април минатата година.

„Простувам, но нема да го заборавам она што се случи“, рече Џафери.

Тој во обраќањето изјави дека гледал како маса граѓани влегуваат од надвор, а некој тоа го инструирал однатре.

„Наши колеги го правеа тоа. Нема да дозволам да се повтори такво нешто. Вратите во Собранието сега се отворени за сите добронамерници“, истакна Џафери.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски: Време е да започне дијалогот со синдикалните организации

Објавено пред

Време е да започне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска имаше средба со претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати.

„Ценам дека имавме конструктивен разговор, дијалог. Отприлика дел од нивните забелешки уште во изработката на програмата се опфатени во самата содржина на програмата за дел се разбира откако ќе биде формирана владата ќе разговараме. Бидејќи тоа е динамичен процес, процес кој што трпи промени, сепак станува збор за четиригодишен период, станува збор за многу предизвици кои што ќе се испречат на тој пат. И јас ценам дека можеме навистина да ги ослободиме синдикалните организации од политичките стеги и притисоци, да ги оставиме да функционираат луѓето и да се борат за правата на работниците“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Богојески: Нема разлика меѓу Заев и Мицкоски, такви политичари треба да заминат во историјата

Објавено пред

Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите, а ветувањата се потполно исти, рече на денешната прес-конференција Петар Богојески од Македонски концепт, носител на листа во првата изборна единица.

„Можам само да констатирам дека нема разлика помеѓу господин Заев и господин Мицкоски, со една забелешка дека Мицкоски е најдобриот лидер на опозиција, но само за Заев, а не и за Македонија. Сите ние сакаме промена на власта во Македонија, но тоа нема да се случи ако гласате за Мицкоски и нема да биде симната елитата која 30 години го прави истото со нашата држава“, посочи претставникот на Македонски концепт.

Како што кажа Богојески, тоа што криминалците политичари не одговараат пред законот најмногу им одговара на овие двајца лидери, а со тоа само се продолжува злоупотребата на јавните политички функции за семејно богатење.

„Наместо лаги и лични интереси, сите ние од Македонски концепт се залагаме за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело – лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите што се на јавни функции почнувајќи од мене. Со вакви закони ќе дојдеме до вистински граѓански парламент кој што ќе работи во функција на граѓаните и само за интересите на граѓаните. Само гласот за број 10 е глас за победа на граѓаните врз политичарите”, заклучи Богојески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре до недела собирање кабаст отпад во Аеродром

Објавено пред

Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации – на бул. „Февруарски поход“ во близина на супермаркетот „Рамстор“2, во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 и кај стара Стела во Аеродром.

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут.

„Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период“, велат од Општината.

Фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион49 минути

Без гушкање и бакнување, дозволен само бакнеж на младенците: Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет1 час

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, 137 дена откако...

Регион2 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ2 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“,...

Македонија3 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион4 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија4 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион5 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија5 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион14 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион16 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион17 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет19 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион21 час

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија22 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија22 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион1 ден

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Досие