Контакт

Македонија

Џафери се сретна со Галовеј: Се потврдува поддршката што Обединетото Кралство ѝ ја дава на Македонија

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја прими во својот кабинет Рејчел Галовеј, новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

На средбата двајцата соговорници се согласија дека на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји се потврдува поддршката што Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ѝ ја дава безрезервно на Република Македонија во нејзините евро-атлантски интеграциски процеси, како и генералниот придонес на оваа пријателска земја во развојот на нашата држава во текот на целиот период, од осамостојувањето до денес.

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово и обратно, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран во 16:50 часот, соопшти АМСМ.

Од таму претходно соопштија дека сообраќајот е во прекин во двата правци од 15:40 часот поради сообраќајка кај Псача во која учествувале камион и автомобил.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово во прекин

Објавено пред

(Фото: илустрација)

Сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово е во прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.

„Од 15:40 часот на патниот правец Крива Паланка – Куманово на местото викано Просеченик во атар на селото Псача, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин во двата правци“, се вели во соопштението.

Во сообраќајката учествувале камион и автомобил и засега нема повеќе информации за несреќата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Објавено пред

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на Република Македонија.

„Во врска со континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија, покрај серијата мерки со кои се веќе задолжени надлежните министерства, во функција на заштита на здравјето на децата и во функција на скратување на времето на изложеност на загадениот надворешен воздух, донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст“ соопшти Владата.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.

Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.

Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија2 часа

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Регион2 часа

(Видео) Во Атина протести против Преспанскиот договор, солзавци и нереди

Грците излегоа на протести пред зградата на парламентот против Преспанскиот договор за промена на името на Република Македонија. Уште на...

Спорт3 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија4 часа

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет5 часа

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет7 часа

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет7 часа

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет7 часа

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија7 часа

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Македонија20 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија21 час

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет23 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет24 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија1 ден

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ1 ден

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион1 ден

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија1 ден

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија1 ден

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија1 ден

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Досие