Македонија
(Видео) Абази: Во вториот круг ќе оставиме граѓаните да гласаат по сопствено убедување
Алијансата за Албанците нема да го повика своето гласачко тело да гласа за некој од двајцата кандидати за претседател во вториот круг на претседателските избори. Потпретседателката на партијата, Бујаре Абази вели дека ќе им остават на граѓаните да одлучат по сопствено убедување.
„Нашиот претседател, господинот Зијадин Села беше многу дециден – им остави на слободна волја на граѓаните, како што е секаде во демократските општества, секој граѓанин да одлучи по сопствено убедување. Тој исто така кажа дека ние, како сериозна партија, ќе имаме состанок на централното претседателство на кој што ќе се дискутира за изборите. Независниот кандидат што го поддржа Алијанса за Албанците го заврши кругот на 21 април, сега останува за вториот круг граѓаните само да решат“, рече потпретседателка Абази.
По првиот круг на изборите и самиот кандидат кој што го поддржа Алијанса за Албанците, Блерим Река, рече дека нема да тргува со гласовите што ги добил во првиот круг и нема да повика неговото гласачко тело да ги даде гласовите на ниту еден од двајцата кандидати.
Блерим Река во првиот круг на шестите претседателски избори освои 79.921 глас. Во вториот круг одат Гордана Сиљановска – Давкова, како независна кандидатка поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, која освои 319.225 гласови и Стево Пендароски, независен кандидат поддржан од СДСМ за кого во првиот круг гласаа 323.714 граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.