Македонија
Адвокатот на Јанева: Се зборува за земање рекет, но се работи за поткуп
Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на обвинетата Катица Јанева, вели дека нејзиниот став е оти предметот „Рекет“ е конструиран за да послужи како одбрана на случајот „Империја“. Тие велат дека иако се зборува за земање рекет, всушност станува збор за давање поткуп. Кадиев рече дека се фрла сомнеж и на снимките што денеска беа пуштени во судницата бидејќи не може да се утврди нивната автентичност.
„Ставот на Јанева и нејзината одбрана е дека преку овој предмет се дава одбрана за предметот ‘Империја’. Се обидува да се прикаже дека обвинетите барале рекет. Всушност, како што ќе имате можност да видите, сè е тргнато со нудење поткуп од сопругата на Јордан Камчев, а на крајот изгледа и од него“, рече Кадиев по судењето.
Реакции по судењето имаше и од адвокатот Сашо Дуковски, кој го застапува Бојан Јованвоски. Тој пред новинарите најави дека Јовановски нема да биде пуштен од притвор од Кривичниот и Апелациониот суд, односно дека тоа е зацртана идеја и сè тера во тој правец. Тој повторно реагира на здравствената состојба на Јовановски, кој вчера бил на конзилијарен преглед на Клиниката за гастро, а мислењето го потпишале 16 доктори.
„Вели дека патохистолошкиот наод не е готов. Истиот конзилиум вели дека нема малигнитет. Јовановски не е прегледан од 16 лекари. Кој стигнал во таа клиника, удрил печат. Ова дава навистина друго светло на водењето на целата постапка, а тоа е дека обвинетиот Бојан Јовановски се држи во притвор по секоја цена. И ќе се држи во притвор за тоа немам никаква дилема. ви најавувам дека Бојан Јовановски никогаш нема да биде пуштен од притвор, ниту од овој суд ниту од Апелациониот“, рече Дуковски по судењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.