Македонија
Адвокат во „ТНТ“: Продолжувањето на мандатот на Кочковска е спротивно на законот
Адвокатoт на одбраната во случајот „ТНТ“, Јовица Страшевски преку писмо се обрати до претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев во врска со неговата изјава дека седницата е веќе закажана и дека ќе се одржи по ултимативниот рок на одбраната.
Страшевски кој го застапува ексградоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот, му порача на Здравев да смогне сила и да оддолее на притисоците кои се прават врз него за целиот овој временски период и да свика итна вонредна седница на судскиот совет.
Tој бара од Здравев веднаш да одговори на барањето од претседателот на Основниот кривичен суд дека поднесеното барање за продолжување на мандатот на поранешната судија – поротник Лидија Ивановска – Кочковска е незаконито и спротивно на Законот за судови и Законот за судски совет, како и дека Судскиот совет нема законски основ за донесување на таква одлука бидејќи на Kочковска веќе и е престанат мандатот со протекот на времето.
„Со вчерашната изјава на Здравев, како и недавање на одговор по однос на поставените прашања кои јавно му беа поставени, можам да сметам дека постапуват спротивно на Уставот и законите во РСМ, иако преку институцијата која ја раководи е најповикан за почитување на уставот и законите на РСМ и за почитување на независноста на судството. Доколку и понатаму во наредните денови не даде јавно одговор на поставените прашања бидејќи јавноста мора да биде запознаена со неговата работа и работата на институцијата со која раководи и не достави одговор на барањето на претседателот на Основниот кривичен совет станува потикнувач и помагач при вршење на повеќе кривични дел, а воедно и самостојно врши дејствиија кои имаат обележја на кривични дела согласно КЗ“, вели Страшевски во писмото.
Тој додава дека јавноста, а и судската фела како и членовите на Судскиот совет треба да бидат запознаени со сите незаконски дејствија кои се предземаат од страна на Здравев и го охрарува јавно да проговори за притисоците кои ги трпи за целиов овој период.
Адвокатот дополнително го праша Здравев дали договорот со неговорите наредбодавачи е до 27 јануари незаконски да се заврши предметот „ТНТ“, а на седницата закажана на 27 јануари да го изберат Огнен Ставрев за судија на Апелациониот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список
Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и демократска атмосфера, но нагласуваат дека сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места.
Како што информираше Моника Маневска, портпаролот на Ванковска, забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.
Истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со фингерпринт, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.
Исто така беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано почонати гласачи, а некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса ги нема во изборниот список.
Македонија
Ромите за Демократија: Членови на СДСМ се закануваa на Ромите набљудувачи на изборите
Денес, додека Северна Македонија ги организира своите претседателски избори, се појави голема загриженост за безбедноста и интегритетот на изборниот процес. Членовите на фондацијата „Ромите за Демократија“, кои се набљудувачи на изборите, беа изложени на сериозни закани и заплашувања од членови поврзани со партијата СДСМ, се истакнува во соопштението на оваа фондација.
Додаваат дека како одговор на овие алармантни случувања, фондацијата „Ромите за Демократија“ испратила официјално писмо до лидерот на партијата СДСМ, во кое бараат итна акција.
Во писмото, како што појаснуваат, се повикува на итна истрага за заканите кон ромските изборни набљудувачи и се нагласува потребата од брзи и соодветни санкции против сите вклучени членови на партијата.
Фондацијата „Ромите за Демократија“ најостро го осудува овој чин на заплашување што се применува врз ромските набљудувачи на изборите“, изјави Селвије Мустафи Алкан, извршен директор на Фондацијата.
„Безбедноста на сите набљудувачи на изборите мора да бидат гарантирани за да се обезбеди интегритет на изборниот процес и да се поддржуваат принципите на демократијата“.
Во писмото дополнително се бара одговор од лидерот на партијата СДСМ до крајот на денот, во кој се наведени чекорите преземени за решавање на ситуацијата и спречување какви било дополнителни инциденти. Непочитувањето, како што велат, ќе резултира со информирање на меѓународната заедница, нагласувајќи ја одговорноста на партијата за безбедноста на набљудувачите на изборите.
„Нема да толерираме никакви закани или насилство врз оние кои се посветени на обезбедување слободни и фер избори“, продолжи Алкан. „Партијата СДСМ мора да ги почитува принципите на демократијата и да преземе итни активности за да ја обезбеди безбедноста на ромските набљудувачи на изборите“, истакнуваат од оваа фондација.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.