Македонија
Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво, Шалваринов, во работна посета на Словенија и Италија
Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, од денеска па сè до 17 септември, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, ќе престојува на работна посета на Словенија и Италија.
За време на работната посета на Словенија, како што информираат од Владата, министерот Адеми ќе оствари официјални средби на највисоко ниво со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, и со претседателот на Националното собрание на Словенија, Дејан Жидан.
За време на разговорите со највисоките претставници на Словенија, велат од Владата, ќе стане збор за билатералните односи меѓу двете пријателски земји, натамошниот развој на односите во повеќе области од заемен интерес, интеграциските процеси на Македонија во ЕУ и НАТО, како и актуелните политички состојби во нашата земја, особено за динамиката за подготовките за одржувањето на референдумот во нашата земја и други прашања од регионот и пошироко во светот.
За време на престојот на министерот Адеми во Словенија ќе се реализираат и средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Република Македонија во градовите Љубљана и Копер.
За време на работната посета во Италија, пак, од Владата инфомираат дека Адеми ќе ги посети Трст, Тревизо, Бреша, Пјаченца и ќе оствари средби со претставниците на здруженија и асоцијации на македонската дијаспората во северниот дел на Италија. Во Трст, додаваат од Владата, Адеми ќе учествува и на настанот „Европски дијалог и земјите од ЈИЕ“, при што ќе им се обрати на присутните на тема: „Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за името, ЕУ и НАТО-интеграциите и меѓунационалните односи во нашата земја“.
Воедно, министерот Адеми во Словенија и Италија ќе има средби и со локалните власти и други видни личности од повеќе области, сè со цел унапредување на врските на нашите претставници на дијаспората и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во овие две пријателски земји, стои во соопштението од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го привеле Т.С.Т.(48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.