Македонија
Акциска контрола на 100 отпади, во повеќе од половината утврдени неправилности
На 14 и 15.2.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбeдност – Оддел за криминалистички истраги во содејство со секторите за внатрешни работи на територијата на државата во координација со инспектори од Државниот инспекторат за животна средина извршија зајакнати контроли во кои беа опфатени 100 отпади на територијата на државата, вклучувајќи 62 отпади во регистрирани правни субјекти, 38 нерегистрирани, односно „диви отпади“.
Притоа, во 27 регистрирани правни субјекти и во сите 38 нерегистрирани отпади утврдени се неправилности, за што ќе следат соодветни поднесоци од страна на МВР и Државниот инспекторат за животна средина.
На територијата на Град Скопје во 36 отпади се извршени проверки, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, при што кај 12 субјекти е утврдено дека не поседуваат дозвола за вршење дејност „складирање на отпад“ и поради постоење сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животна средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик, за 7 субјекти се констатирани прекршоци од страна на Државниот инспекторат за животна средина, а кај 17 субјекти се констатирани прекршоци од Државниот пазарен инспекторат. Oд страна на Одделението за криминалитсички работи Центар и Бит-пазар од еден субјект привремено се одземени предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од сторено кривично дело „кражба“по член 235 од Кривичниот законик.
На подрачјето на СВР Штип од вкупно 12 контролирани локации, кај еден правен субјект се констатирани неправилности, а 10 физички лица не биле регистрирани и не поседувале дозволи, поради што санкционирани се со забрана за работа до отстранување на нерегуларностите. Од 15 контроли на подрачјето на СВР Битола, кај 8 правни субјекти и кај 7 физички лица се утврдени неправилности и ќе следуваат поднесоци, а од 8 контроли на подрачјето на СВР Тетово, 4 правни субјекти работеле без комплетна документација, а кај 1 се констатирани неправилности по што ќе следуваат санкции. На подрачјето на СВР Струмица од 12 контролирани отпади, за 5 нелегални отпади ќе следуваат санкции, а во 1 правен субјект се констатирани неправилности, за што ќе следува поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.