Македонија
(Видео) Алијанса за Албанците заседава за ставот на партијата околу референдумот
Започна седницата на Централното собрание на Алијанса за Албанците со повеќе точки на дневен ред меѓу кои е и престојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември годинава.
На седницата членовите ЦС на Алијанса за Албанците ќе се изјаснат за нивниот став за прашањето на референдумот по што ќе биде донесена одлука за официјален став на партијата. Пред почетокот на седницата претседателот на партијата Зијадин Села не сакаше да го изнесе својот став за референдумското прашање. Тој рече дека крајниот исход не зависи само од него, туку од целото Централно собрание како највисок орган на партијата.
Во врска со изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, сите партии да се произнесат околу ставот за референдумот во рок од 3 дена, Села рече дека тоа е дрско однесување, притисок и навлегување во внатрешните одлуки на партијата. Седницата е од затворен тип, по нејзино завршување лидерот на партијата, Зијадин Села ќе го изнесе заземениот став пред јавноста.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај
Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда, кажа Дафина Стојаноска, носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6.
„Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.
Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот“, порача таа.
Ова политичко зло, како што рече, „да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме ваша и повторно горда“.
Македонија
Милица Џаровска се прости од својот татко: Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол
Велибор Џаровски – Џаро, познатиот менаџер, почина денес на 75-годишна возраст, по кратко боледување, додека веста за неговото заминување ја објави неговата ќерка Милица.
– Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.
Тој зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка. Таа минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” која му ја посвети токму него.
Џаро соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Македонија
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит-пазар: во фокусот недостигот на човечки ресурси, возила и материјално-технички средства
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Полициската станица Центар и Полициската станица Бит Пазар кои функционираат во рамките на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар каде одржа состаноци со раководството.
Оваа Единица се соочува со најголем обем на работа на ниво на целата држава имајќи ја предвид структурата на теренот кој го покриваат кадешто се наоѓаат голем број на државни институции, културни објекти и дипломатско-конзуларни претставништва поради што на дневна основа има многу голема фрекфенција на луѓе.
Во однос на вчерашниот изборен ден министерот Тошковски беше информиран дека не се забележани поголеми нарушувања, освен констатирано едно кривично дело каде член на изборната комисија се обидел да гласа за друг. Исто така, беше потенцирано дека за вториот круг потребно е да се зголеми бројот на полициски службеници со цел овозможување на непречено спроведување на изборите.
„ЕВР Центар и Бит Пазар се соочува со сериозен недостаток на човечки ресурси, како во делот на униформираната полиција така и во делот на инспекторите. ОД аспект на условите за работа во двете полициски станици и опременоста со материјално-технички средства и возила состојбата е алармантна. И покрај овие проблеми, сепак беше потенцирано дека бележат солидни резултати во расчистувањето на кривични дела.“, издвои министерот Тошковски.
Заеднички беше констатирано дека во иднина треба да се размислува за дислокација на Полициската станица Центар во посоодветен објект со подобри просторни услови, со што ќе се овозможи подобро и поефикасно постапување на полициските службеници.