Македонија
Алијанса за Албанците: Да се отворат кафулињата, а полицискиот час да почнува во 23 часот
Полицискиот час да почнува од 23 до 5 часот и да се отворат кафулињата и рестораните, порача Алијансата за Албанците.
Од партијата на Зијадин Села велат дека, за среќа, бројот на пациенти излечени од Ковид-19 се зголемува, додека бројот на нови случаи на заразени лица значително паѓа.
„Врз основа на овој факт, правото на слободно движење на луѓето е ограничено на многу строга мерка без потреба, затоа Алијансата за Албанците предлага мерките во земјата да го означат вториот бран на олеснување, почнувајќи од скратување на полицискиот час од 23:00 до 5:00 часот. Знаеме дека економијата на нашата земја не може да го толерира ова темпо на работа долго време, затоа почитувајќи ги заштитните мерки (дистанца, маски, ракавици) предлагаме да почнеме со отворање на рестораните, кафулињата и сличните бизниси што се затворени поради вирусот“, велат од Алијансата.
Оттука додаваат дека иако туризмот во земјата не е на ниво што треба да биде, сепак, неспорно е дека овој сектор, како и хотелите и транспортот, придонесуваат на економијата на земјата, кои се најпогодени сектори од здравствено-економската криза.
„За 72.743 вработени во овој сектор да можат да ја обезбедат својата егзистенција, барем она што може да го направи владата за најпогодените сектори е да понуди 100% субвенција на придонеси за плати на работниците на ниво на минимална плата за што од државната каса треба да бидат издвоени 15,6 милиони евра“, додава Алијансата.
Според партијата, олеснувањето на мерките за движење, државната помош за погодените сектори и постепеното започнување со работа на бизнисите би биле добра основа за да се спаси кревката економија на земјата од рецесија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.