Македонија
Алијанса за Албанците: Коалицијата ДУИ-ВМРО му дозволува екстра луксуз на градоначалникот на Чаир
„Соработката ДУИ-ВМРО започна да се продлабочува и во локалната власт и покрај нивната очигледна соработка на државно ниво. Дека овие две партии продолжуваат да се фаворизираат меѓусебно како потенцијални партнери за изборите на 12 април, јасно се гледа од сличните ставови и меѓусебната поддршка кога станува збор за донесување одлуки.Така се случи и денеска во Чаир, каде членовите на ДУИ, ВМРО и СДСМ гласаа за годишниот буџет на Општина Чаир“, соопшти Алијанса за Албанците.
Советниците на Алијансата за Албанците во Чаир реагирале на одлуката затоа што не е можно да се одобри буџет без да се анализира каде треба да одат тие парите.
„Денес Општината Чаир работеше против своите граѓани, без да им даде можност да се изразат каде, како и во кои проекти треба да се распределат парите.Со донесување на оваа одлука, буџетот на општина Чаир му дава на градоначалникот 5.000 евра повеќе, односно 10.000 илјада евра за дозволени трошоци. Ова значи намалување на буџетот од сегашните барања на граѓаните да му дадат на градоначалникот поголем луксуз.
Прелиминарната анализа што треба да се направи за да се донесат вакви одлуки, од особено значење за самите жители, јасно покажува дека нема транспарентност на општината во обврските кон нејзините жители.Покрај оваа одлука, ДУИ со помош на ВМРО го направи изборот за претседател на Советот на Општината“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.