Македонија
„Алкалоид“: Нема да има прекин во снабдувањето со лекови и средства со антибактериско дејство
Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ соопштува дека во моментов работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси кои им се на располагање.
Од компанијата велат дека е направена реорганизација на сите процеси со цел да бидат задоволени барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и други средства со антибактериско дејство, меѓутоа поради големата побарувачка на дел од производите и предизвиците со кои се соочуваат при набавка и транспорт на суровини и амбалажа од увоз, можно е да се јави застој во некој сегмент.
Од компанијата нагласуваат дека во никој случај нема да се дозволи прекин во снабдувањето на кој било од споменатите производи.
„Согласно вонредните услови на функционирање во ‘Алкалоид АД Скопје’ и покрај отсуство на преку 150 наши вработени кои се ослободени од работа заради тоа што припаѓаат на ризичните групи, приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена даде на болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови. Доставата до веледрогериите (аптеките) и дистрибутерите (синџирите маркети) можно е во овој период да се одвива со мал застој, но тоа е првенствено поради неумерените набавки од страна на домаќинствата и очекуваме дека наскоро истото ќе се надмине.
Водени од начелата за корпоративна општествена одговорност, како и хуманата програмско-производна определба насочена пред сè кон крајните корисници, „Алкалоид АД Скопје“ цврсто ќе остане на одлуката да не ги зголеми цените на ниту еден производ од кој било сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини, логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочуваме. Излезните цени на нашите производи, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и другите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти.
Љубезно апелираме до целата јавност да се следат и најодговорно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство преку нивните официјални канали на комуникација http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ со цел да не се креира непотребна паника.
Во оваа пригода, би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ“, велат од „Алкалоид“ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите: порача Ковачевски
Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е опција за нас. Нема друга опција за нас освен патот на европска интеграција, порача вечерва лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Додаде дека е задоволен што гласањето поминало во мирна и демократска атмосфера.
„Се надевавме на подобри резулатти, но време е да ги ставиме на страна сите разлики и да сесе обединиме зад идејата за европска Македонија. Занм дека многу наши поддржувачи се разочарани. Но сега не е време за откажување. Имаме уште две недели јас ќе бидам на терен секој ден со вас и ќе работиме за да ја добиеме поддршката за европска Македонија“, рече Ковачевски.
Порача дека нема откажување.
„Ние нема да се откажеме и немада ги наведнеме главите ќе продолжиме да се бориме се додека не победиме“, порача лидерот на СДСМ.
Ковачевски му упати порака и на Пендаровски.
„Ова е наша заедничка борба, ќе се боиме заедно рамо до рамо, ова е најважната битка за македонската иднина. Борбата за европска Македонија продолжува и на 8 мај, во вториот круг на претседателските и парламентарните избори. Се гледаме за две недели! Да живее европска Македонија“, рече тој.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика
Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика, победуваме со повеќе од 170 илјади гласови. Зборувавме дека многу работи ќе се случат не ни веруваа, не потценуваа, мислеа дека си имаат работа со мали деца. Но ние благодарение на народот покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи и сите работи се случија, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, но ние издржавме. Ви благодарам од срце народе на Македонија. Ветував дека ќе се случи народ и денеска се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ. Пораката е јасна, Македонија не се плаши и се враќа во рацете на народот. Ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ се причина за целото страдање сиромаштија и криминал во Македонија. Нашата сила сте вие народот“, кажа Мицкоски.
„Резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни, имаме огромна историска победа на многу избирачки места. Оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта, ова е победа на народот, цунамито се крена, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавство. Ова е револуција на народот на Македонија. Работата не е завршена, а власта не е нималку наивна. На осми мај е потребен убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати порака до оние кои излегле и гласале за власта дека нема да има освета кон било кој.
„Ги почитувам вашите уверувања, повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле кон народот. Е тие ќе одговараат“, кажа Мицкоски
Македонија
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден
Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.
„Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите. Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена, да го промовирам концептот во кој верувам. Ги охрабрувам граѓаните да излезат во втoриот круг“, кажа Пендаровски.
Додаде дека во вториот круг очекува повеќе граѓани да го прифатат концептот во кој длабоко верува.
„Очекувам уште поголем одзив. Нема да барам договор со другите кандиати за механичко префрлување на гласовите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту сега планирам, за да механички преземам од било кого. Едноставно на сите граѓани ќе им го презентирам мојот концепт. Ќе одбијам било каков обид за нудење на квантум на гласови – тоа би било големо понижување на граѓаните“, кажа тој.
Анализите, како што рече, ќе покажат „дали граѓаните го казнија него поради СДСМ“.
Потенцира дека нема да има пауза, ниту одмор за него до вториот круг од изборите.
„Од утре се гледаме на терен“, порача Пендаровски.