Македонија
Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО како државна тајна
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ги споделува со јавноста амандманите што вчера доцна во 20.19 часот беа испратени до министерката за правда, Рената Дескоска, пред за тоа да разговараат работните групи.
Партискиот портпарол, Наум Стоилковски, за „Макфакс“ рече дека за тоа треба да праша, па дополнително ќе соопшти. Но, и по два часа, одговор не стигна. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пак, на прашање на „Макфакс“ зошто не се јавно објавени 65-те амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тоа било по барање на министерката за правда, Рената Дескоска.
Дескоска, пак, за „Макфакс“ рече дека тоа не точно и дека нема зошто таа да бара тајност на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. Потврди дека во 20.19 часот на нејзиниот имејл, додека траел ТВ-дуелот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, стигнале амандманите. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека амандманите ги испратиле во 16 часот.
Пратеникот Милошоски, пак, за „Макфакс“ наброја некои од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. Едниот од нив, како што рече, се однесува на еднаквост и рамноправност на обвинителите во конкурирањето за одредени позиции во обвинителствата.
„Во државното Јавно обвинителство да има буџетска рамноправност“, рече Милошоски. Пратеникот објасни дека еден од амандманите се однесува на почитување на уставниот принцип за хиерархија и субординација. „Со постојниот предлог СЈО го нарушува принципот на субординација. СЈО со можноста да одлучува самото за предметите е повластено“, рече Милошоски.
За утре попладне во Министерството за правда е закажана трета средба на работните групи, кои овој пат треба да расправаат по конкретните амандмани што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.