Македонија
Анализите покажаа дека РДФ-отпадот во камионите на Богородица е според европски стандарди
Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и Царинската управа на 29 јануари изврши вонреден инспекциски надзор на 15 камиони со РДФ-отпад од Италија.
Отпадот се превезувал во камиони што беа запрени на влез на граничниот премин Богородица.
„Од отпадот беа земени мостри, а со цел поголема веродостојност на резултатите, земените мостри беа доставени до истражен центар за животна средина во Естонија. Врз основа на резултатите од анализата на двете мостри од РДФ-отпад направени во независната лабораторија на Естонија, потврдено е дека испитаните параметри се во согласност со дозволените граници наведени во Европскиот стандард за цврсти обновени горива“, информираат од ресорното Министерство.
Според стандардот, РДФ-отпадот е класифициран во 5 дозволени класи врз основа на три параметри: нето-калорична вредност, содржината на хлор и содржина на жива.
Од Министерството за животна средина посочуваат дека првата испитана мостра од РДФ припаѓа на трета класа според нето-калоричната вредност (во граници на нормала), четврта класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и четврта класа според содржина на жива (во граници на нормала).
Втората испитана мостра припаѓа на трета класа според нето-калорична вредност (во граници на нормала), трета класа според содржина на хлор (во граници на нормала) и четврта класа според содржина на жива (во граници на нормала).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.