Македонија
Арсовска: Преземаме системски мерки за подобрување на квалитетот на воздухот
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска учествуваше на презентацијата на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот.
Aрсовска во своето обраќање особено го нагласи формирањето на Градскиот екосовет и посочи дека за првпат е формирано такво тело од експерти од областа на животната средина.
„Со првите чекори кои тие ги преземаат ќе имаме квалитетни предлог политики кои ќе бидат презентирани пред Советот на Град Скопје“, посочи градоначалничката.
Истакна и дека градските власти работат и на подигање мега паркови, а прв, како што кажа, е паркот во Ѓорче Петров, па ќе следат уште 4 вакви мега паркови во Скопје.
„Секоја година ќе засадуваме над 100.000 садници, работиме на финална имплементација на Зелениот катастар, тука е и проектот за реупотреба на градежниот отпад и шут за да се спречи создавањето диви депонии кои периодов интензивно ги расчистуваме, неселективно ги казнуваме сите оние што ја нарушуваат животната средина и здравјето на граѓаните и многу други проекти. Со сите овие мерки се надевам дека ќе успееме да постигнеме резултати“, рече скопската градоначалничка.
Нагласи и дека во Скопје почнува големи екопроект – пречистителната станица за отпадни води во вредност од над 160 милиони евра.
„Ова ќе придонесе за пречистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и ќе придонесе за заштита на животната средина“, кажа Арсовска.
Инаку, анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во агломерацијата Скопски Регион ја изработи лабораторијата AMBICON UGD при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како дел од проектот за Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје.
Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.