Македонија
Арсовски: Време е да заврши шерифското однесување на Вице Заев и Зоран Заев
Лицата кои вчера во Струмица биле приведени од страна на МВР се блиски до Зоран и Вице Заеви, а работеле до доцна во ноќта – до полноќ, подготвувајќи пакети брендирани од СДСМ, кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните, рече портпартолот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.
„Шерифското однесување на семејството Заеви, кои мислат дека се над законот и дека поседуваат сè и секого во државава, стигнало дотаму што Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот. Е па другар Вице Заев, за жал, мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност. Ова најдрско и најшерифско однесување на кршење на законите мора да заврши еднаш засекогаш. Ништо повеќе не е семејството Заеви од кој било друг граѓанин во Република Македонија кој ги почитува законите на својата држава“, рече Арсовски.
Тој нагласи дека сите кои го прекршиле законот вчера и коишто се приведени треба да одговараат, вклучително и Вице Заев, доколку го прекршил полицискиот час, бидејќи отишол да ги извади оние кои биле приведени и да се обиде да го прикрие случајот.
„Инаку лицата кои го прекршиле законот и ги подготвувале овие пакети, целата јавност знае дека овие пакети се за масовен поткуп на граѓани кои треба да гласаат на изборите кога и да се одржат. Лицемерите од СДСМ ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните и под превезот на некакви си хуманитарни побуди, вршат масовен изборен поткуп. Она што е најсмешно и најлицемерно е дека според сведоштвата на луѓе дека во пакетите кои ги дели СДСМ нема ниту еден, ама баш ниту еден македонски производ, сите коишто се ставаат внатре се увозни. Ете толку треба да се знае за лицемерието на СДСМ и на семејството Заеви. Грубото кршење на законите мора да се санкционира. Заврши времето на шерифување на семејството Заеви“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.