Македонија
Ахмети: Сите треба да придонесеме за излез од кризата
Сите треба да придонесат за излез од кризата и изнаоѓање одржливо решение за иднината и стабилноста на земјата порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети по консултациите со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Ахмети смета дека клучпт што бил кај ДУИ досега, веќе го префрлил кај претседателот Иванов.
Ахмети кажа дека сите опции за формирање нова влада се отворени.
„Бевме информирани за целиот процес на доаѓањето до едно решение на нашите прашања и како да стигнеме до парламентарно мнозинство затоа што одговорност на сите нас е да изнајдеме прифатливо решение за да имаме стабилни институции и понатаму да менаџираме со државата“, рече Ахмети.
Додаде дека на средбата со Иванов се зборувало и за политичката ситуација во регионот и пошироко.
Во претседателската вила попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Консултациите на претседателот со партиите, следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски и по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во друштво на Артан Груби, во среда попладне пристигна во резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, на консултации, што е прв пат откако Иванов е претседател, затоа што не го признава неговиот легитимитет.
Кај Иванов, денеска се одржуваат консултации со сите парламентарни политички партии, откако во законскиот рок, мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, не успеа да состави влада.
Најпрво на средба беа претставници на движењето БЕСА, по кој лидерот Билал Касами не даде изјава, само рече дека „топката“ е во Собранието.
Од партијата не сакаа да дадат изјава за што се разговарало, само кратко рекоа дека „топката“ е во Собранието и оној кој ќе обезбеди мнозинство тој ќе формира Влада.
Иванов продолжи со средба со претставници од Алијанса за Албанците, а и Зијадин Села од Алијансата по завршување на средбата рече дека нема коментар.
Претседателот продолжи со средба со лидерот на ДУИ, а во 16 часот Иванов има средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека во 17.30 часот ќе се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, поканети се и претставници на ДПА.
Имено, по одржувањето на предвремените парламентарни избори, мандатот да состави влада го доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија партија освои 51 пратеничко место, додека СДСМ освои 49 мандати. Груевски не успеа да формира влада откако не се договори со досегашниот коалициски партнер ДУИ, партија која има 10 пратенички мандати и се која се стигнува до бројка за парламентарно мнозинство. Од друга страна пак, на изборите 5 мандата доби новоформираното албанско движење БЕСА, 3 мандата Алијансата на Албанците на Зијадин Села и 2 мандата освои ДПА, чиј претседател Мендух Тачи пак, си даде оставка на функцијата поради слабите резултати на изборите. /крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.