Македонија
Без струја делови на Кисела Вода, Центар, Карпош, Гази Баба и Аеродром
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Центар, Карпош, Гази Баба и на Аеродром.
Во периодот од 9.30 до 14.30 без струја ќе бидат корисниците од улицата Христо Чернопеев со броевите: 1А, 1Б, 2, 2А, 3, 3А, 5А 5Б, 7А,7Б, 9, 9А, 13, 13А, 10А, 10Б, 6, 4, 4А, 8А, 8Б, 12, 14 и 16 (општина Кисела Вода), од 8 до 15 часот корисниците од улицата Питу Гули (општина Центар), од 9 до 12 часот корисниците од улицата Даскал Камче бр. 1А влез 5 (општина Карпош).
Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Охридска со броевите: 17, 15, 13, 11, 9, 44, 24, 22, 20, 18, 16, 14, 12, 10, 8 и 4 (општина Центар), од 8 до 9 часот корисниците од улицата Лазар Поп Трајков со броевите 5 и 7, Ветеринарниот факултет и Ветеринарната болница (општина Гази Баба) и во периодот од 7.30 до 17 часот корисниците од болницата „Мајчин дом“, црквата „Св. Стефан“ и крстосницата од булеварите Јане Сандански и АСНОМ (општина Аеродром).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.