Македонија
Богоев со делегација од Норвешка разговараше за мерки за ранливите категории на граѓани во Карпош
Социјалната заштита на локално ниво и отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби, беа главните теми на денешниот разговор меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од градот Сандефјорд, Норвешка.
На средбата, градоначалникот Богоев ги презентираше социјалните политики што ги води Општината за ранливите категории на граѓани.
„Хуманитарните активности, донирањето на пехранбени продукти и финансиска поддршка за лекување на нашите сограѓани е нешто што Општината тековно го работи. Сепак, локалната самоуправа има реална потреба и од отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби. Општината не е во завидна финансиска состојба, но вложуваме напори за подготовка на овој проект, знаејќи ја потребата од инклузија на овие лица во сите аспекти од општественото живеење“, рече Богоев.
Претставниците од Сандефјорд споделија искуства од својот град. Се интересираа за поделбата на надлежностите меѓу локалната власт и Министерството за труд и социјална политика, волонтирањето и општествената одговорност која треба да ја покажуваат повеќе чинители.
Градоначалникот Богоев сподели искуства и за проектот со лични асистенти за децата со посебни потреби кој се спроведува меѓу локалната самоуправа и UNDP. Исто така, повикот за општествена одговорност кон фирмите резултираше со опремување на голем број од детски установи – градинки со прочистувачи за воздух, со цел заштита на најмладите од аерозагадувањето.
На оваа соработка, претходеа и повеќе средби и работилници во ООУ „Братство“ кое претставува партнер училиште на НДЦ Скопје и во истото се спроведува концепт за интеркултурно образование, во соработка со Министерството за образование и наука, како и со Амбасадата на Норвешка во Република Македонија.
На крајот од средбата, присутните изразија иницијатива за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба е испукана на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.