Македонија
Бочварски: Законот за градење е кочница за урбаниот развој, преку јавна дебата ќе креираме нов
Министерството за транспорт и врски ја продолжува праксата во носење на реформските закони на транспарентен начин преку вклучување на сите заентересирани страни. Во една таква постапка денеска започнуваме со отворена дебата во однос на предлог за нов Закон за градење, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната стручна дискусија на која се презентираше новиот предлог-текст на Законот.
„Со оглед на тоа дека постојниот закон е менуван преку 30-тина пати и преставува кочница за урбаниот развој на општините, се определивме да креираме комплетно нов Закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и ќе го стимулира просторниот и економски развој во државата. Затоа сме тука, сите заеднички да придонесеме да изработиме едно ново ефикасно решение кое ќе биде во полза за сите нас. Само со квалитетен закон ќе ги стимулираме инвестициите во градењето, притоа ќе ги разрешиме сите наталожени проблеми што се среќаваат со постојните закони”, изјави министерот за транспорт и врски.
Во јавната дебата учествуваа претставници од јавни претпријатија, ИЗИИС, ЗЕЛС, Стопанските комори, универзитетски професори, Комората на овластени архитекти и инжењери и Асоцијацијата на архитекти.
Како што информираат од ресорното министерство, во следниот период следуваат серија на јавни дебати во кои ќе бидат вклучени сите заинтересирани субјекти во креирање на новото законско решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.