Македонија
Бочварски – Ѕуо: Автопатот Кичево – Охрид е приоритетен проект
Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, имаше работна средба со кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо.
На средбата министерот Бочварски ги презентираше инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.
Министерот ја потенцираше потребата од заеднича соработка во доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Исто така го информираше амбасадорот и за претстојните крупни капитални проекти што ќе се реализираат на Коридорите 8 и 10.
„Денешната средба со кинескиот амбасадор во земјава беше во духот на билатерланата економска соработка меѓу двете земји. Кина е наш долгогодишен партнер во реализација на крупни капитални проекти. Го информирав амбасадорот за сите проекти што планираме да ги реализираме во следниот период. Ги отвориме прашањата поврзани со инфраструктураните проекти кои се поддржани од кинеската страна, потенцирајќи за состојбата со изградба на автопатот Кичево –Охрид и повикав на заедничка вклученост во доизградба на овој значаен патен правец”, изјави министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголем е одѕивот во Новаци – 42,87, а најмал во Врапчиште – 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Другите се во обработка.