Македонија
(Видео) Арсовски:Криминалот во земјава метастазира како канцер
Насекаде околу нас ни се случува црнила. Граѓаните се зацрнети и се оди против нивната волја.
Судството е заробено од страна на Зоран Заев и за жал, Зоран Заев е единствениот судија во државава. Кого сака го тужи, кого сака го суди. Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум. Целото подземје си ги наплаќа фактурите од Владата на СДСМ и управува со улиците, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ,,се зацрнија цели фамилии благодарение на криминалците кој што се блиски до СДСМ. Уште колку деца и невини граѓани треба да загинат за конечно оваа Влада да се освести дека треба да работи за граѓаните, а не да работи за мафијата”.
,,Корупцијата е на ниво на кое што никогаш не била. Се прислушуваат обвинители и судии и никој не се обидува ниту да сноси одговорност, ниту да даде оставка. Но, еден ден ќе мора да сноси одговорност и да одговара тој што е нарачател на ова прислушување.Економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ. Ни се случува масовен потоп во економијата. Реализацијата на капитални инвестиции до сега е само 1/3.
Даноци се покачуваат, граѓаните осиромашуваат. Затоа, заради сите овие причини и уште безброј други, Ве повикуваме да ни се придружите утре на протестниот марш, во недела, во Велес, збирно место на паркингот кај гимназијата во 13 часот, маршираме низ центарот заедно се до платото пред Судот. Да ставиме крај на ова лудило и да ставиме крај на оваа црнила. Ве повикуваме сите, секој оној кој што е револтиран за било што од оваа Владаа такви ги има многу, се повеќе и повеќе да протестираме заедно се до конечно паѓање на оваа ненародна и криминална власт на СДСМ”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.