Македонија
(Видео) Арсовски: Во пресрет на изборите државата ќе се задолжи за нови 41 милион евра
„Денеска Нина Ангеловска и Зоран Заев во пресрет на изборите ќе нè задолжат за нови 41 милион евра. Нина Ангеловска, министерката со ниту еден проект откако е министер, што е срамота, за само 3 месеци ја задолжи Република Македонија за нови 200 милиони евра.200 милиони евра одат во дупка, ниту еден единствен проект не е реализиран“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, вкупниот долг енормно расте, граѓаните се сè повеќе задолжени.
„Недомаќинското работење на Владата и министрите во Владата на СДСМ ја носат државата во амбис. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а дури двапати повеќе сакаат да си заминат од државата доколку имаат можност уште веднаш. На листите каде што се рангираат економиите во светот од државите, Македонија упорно тоне и оди надолу.
На „Дуинг бизнис“ паднавме за 7 места, од 10-то на 17-то место, и тоа единствено поради лошите политики на Владата и економскиот тим. Германските бизнисмени ни дадоа огромна 0 за бизнис-клима и инвестирање во Република Македонија. Затоа сите странски ја заобиколуваат државата. Од лидер во регионот по странски инвестиции, станавме земја со најмалку странски инвестиции во регионот. Од лидер во регионот по ново отворени работни места по глава на жител, станавме земја која заостанува зад сите останати земји во регионот. Граѓаните заради моменталната економска ситуација се принудени да одат на работа во странство.
Крадци и криминалци не смеат да ја чуваат државна каса. Така е и со Владата и економскиот тим на Зоран Заев. Луѓе коишто мислат само како да наместат некој тендер и да украдат не смеат да имаат пристап до парите на граѓаните, а најмалку да ги чуваат. Затоа и само се задолжуваме и сè повеќе тонеме.Веднаш по 12 април, отпочнуваме сите заедно ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за обнова на Македонија, и граѓаните со обнова на Република Македонија. Тоа е најпотребно во моментот. Мора да се стави крај на целото ова неработење и хаос и мора да одговараат сите коишто манипулираат и крадат“, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.