Македонија
(Видео) Арсовски: Дали Заев и Филипче илегално вакцинирале во Македонија
Дознаваме и гледаме од српската премиерка Брнабиќ дека најверојатно и сме добиле некоја бројка на одредени вакцини за вацинација, но заради немањето план, протокол, регистрација и увозот на вакцини, па така Зоран Заев и Венко Филипче поделиле и вакцинирале илегално во Република Македонија одредени луѓе, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Заев и Филипе треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезе Комисијата за заразни болести да каже дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство треба да истражи дали некој од ова профитира?
Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле?
Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и Министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините.
Иако Венко Филипче дрско ја лажеше целата држава дека сме оценети како една од најспремните држави за складирање, примање и увоз на вакцини, на крајот испадна дека немаме ниту фрижидери за да ги чуваме вакцините доколку ги добиеме.
Неспособноста на Владата е дотолку голема да ние не знаеме кој по кој редослед ќе се вакцинира, а сеуште немаме ни регистрирано ни вакцина. Жалосно е што дознаваме од премиери на странски држави дека Зоран Заев и Венко Филипче вакцинирале илегално во Република Македонија, односно вакцинирале дали преку врски или за пари.
Ова е скандал од невидени размери и поигрување со здравјето на сите болни, хронични, пензионери и ризични категории на граѓани. Нечовечноста на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев излезе на површина“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.