Македонија
(Видео) Арсовски: На Владата приоритет ѝ е канабис-мафијата место здравјето на граѓаните
„Пет дена Заеви молчат за скандалозното доделување лиценци за одгледување марихуана при прогласена вонредна состојба. Ова е најголемата канабис-мафија што може да ја има и да ја поседува една држава. Филипче под палката на Заеви додели 2 лиценци на фирми, во кои раководител и сопственик е синот на осуденикот за шверц и другар на Заеви – Боро Стојчев, односно Боро Марлборо, името на синот на Боро Стојчев е Перо Стојчев, како и другиот дел на менаџментот, односно сопствеништвото, синот на претседателот на Ново Село СДСМ, Христијан Котев, и неговата тетка Славица Котева“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, пет дена молчење впрочем ги објаснува постапките на СДСМ и на Заеви. Тоа значи дека се фатени живи во скандалозна одлука, која се однесува на сериозна корумпираност на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба при пандемија на корона-зараза.
„Во време на вонредна состојба, кога граѓаните се исплашени за своето здравје, и економска криза и мака мачат со целата криза, Заеви и Филипче си делат лиценци за марихуана на свои блиски луѓе и мислат единствено на бизнис и заработка. Ова е веќе втора фирма и лиценца за марихуана во семејството Стојчеви, кај Боро Стојчев, претходниот градоначалник на Ново Село, покрај фирмата ‘ЦМД медплант’, за која објавивме претходно дека доби лиценца.
Очигледно или Боро Стојчев многу ги има задолжено семејството Заеви за да го прават ова во вонредна состојба или и Заеви имаат некоја поврзаност со овие фирми. За ова, сепак, треба да одговорат од СДСМ наместо да молчат 5 дена за овој скандал. Канабис-мафијата е приоритет на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба. Секоја влада во светот во моментот мисли, единствено на здравјето на своите граѓани, само на Владата на СДСМ, Филипче и на Заеви приоритет им е доделување лиценци за одгледување марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви. Уште еднаш ги повикуваме институциите, ДКСК, Уставниот суд, ЈО, да ја преиспитаат оваа одлука донесена на Владата за доделување лиценци за одгледување марихуана во период кога е прогласена вонредна состојба. Како што рековме во СДСМ, воопшто не е приоритет здравјето на граѓаните, туку приоритет е да цвета бизнисот на канабис-мафијата. За сите криминални и коруптивни одлуки на Владата на СДСМ, Филипче и Заеви мора да има одговорност. Одговорност ќе следува веднаш штом дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.