Македонија
(Видео) Арсовски: Филипче наместо да раскине договор со фирмата што го гради Клинички во Штип, им исплатил 2.5 милиони евра
Пет години владеење на СДСМ и на оваа влада која како што видовме освен расипничка не е ништо друго и се уште нема ниту трага ниту глас од Клиничкиот центар во Штип. Како и секој еден крупен капитален проект во време на СДСМ, ниту овој проект нема да види бел ден со нив, истакна на денешната прес-конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Цели пет години поминаа, а СДСМ не стави ниту една цигла и не закова ниту една шајка во Клиничкиот центар во Штип. Откако го доживеаја огромниот пораз на локалните избори и свесни дека ќе си заминат од позициите во Владата, Венко Филипче прв побрза и се сети на Клиничкиот центар во Штип, но не за да го гради, и за да биде во корист на граѓаните, туку за да Венко Филипче исплати 2.5 милиони кон грчката фирма која го гради, Интракат и тоа изведувајќи сериозна операција каде биле вклучени најверојатно според пишувањата на медиумите, повеќе министри од владата на СДСМ што е и извршен притисок врз судството за да се одблокира сметката токму на оваа фирма Интракат, која должи на над 600 македонски компании подизведувачи“, информира тој.
„Според написите во медиумите тогашниот министер за правда Маричиќ издејствувал во месец ноември 2021 веднаш по локалните избори да се одблокира сметката на фирмата Интракат од страна на Судот и баш тогаш кога била одблокирана, Венко Филипче во неколку трансакции во неколку наврати ги префрлил тие 2.5 милиони евра. Филипче платил 2.5 милиони евра, на фирма која повеќе од 1.5 година нема ниту еден вработен на објектот и е со блокирана сметка до неодамна. Наместо да го раскине договорот Филипче, тој им исплатил сериозна сума на пари. Милионска сума на пари буквално за ништо. Веднаш потоа, сите пари биле испумпани надвор од Македонија во странство. Долгот кон тие над 600 компании во Македонија кои биле подизведувачи останува неисплатен“, дополни Арсовски.
Праша „Дали Бојан Маричиќ извршил притисок врз граѓанскиот суд да ја тргне блокадата на сметката на Интракат? Дали фирмата Интракат преку странски сметки ќе дава провизии и ќе исплаќќа провизии за овие милионски трансакции на македонски политичари“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот
Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Како што појасни, на едното бил изгубен печатот. На останатите две, биле направени обиди да се замени уредот за биометриска верификација, пришто гласањето во едниот случај продолжило па прекинало, а во вториот не продолжило.
„Тоа се трите места за коишто имаме добиено писмено известување. Ќе видиме вечер за што точно се работи и ќе одлучиме“, рече Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од ДИК појаснуваат дека се работи за прекин за повеќе од три часа, додека онаму каде што имало помали прекини, гласањето ќе се продолжи за онолку време колку што било прекинато.
На сите останати гласачки места, гласањето тече нормално и мирно, додаваат.
Пред полноќ се очекува да бидат обработени над 50 отсто од гласовите и ДИК да ги објави првичните неофицијани резултати.
Во однос на информациите за починати луѓе на избирачкиот список од ДИК обазложија дека оние коишто ќе починат 30 дена пред гласњето ги има на избирачкиот список, бидејќи тој е веќе заклучен. Велат дека списокот се ажурира неколкупати годишно во координација со Управа за водење на матични книги.
Македонија
Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори
До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.
Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.
Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.
Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
Македонија
Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати
Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки ливчиња додека го остварувале своето право на глас, објави МВР.
-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во извештајот на МВР.