Македонија
(Видео) Арсовски: Јанева, Боки 13 и Кичеец не се сами во скандалот „Рекет“
Катица Јанева, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски – Кичеец не се сами во скандалот „Рекет“ и тоа е еден факт којшто неколку пати е потврден. Да немале политичка и институционална поддршка и премолчена согласност од страна на Зоран Заев и СДСМ веројатно немале да имаат можност да изнудат ниту 100 денари, а не, пак, 20 милиони евра, како што говорат информации во јавноста, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Вчера, за жал, Вилма Русковска, односно русковска-обвинителството, покажа дека целата истрага за овој рекетарски октопод е само една обична фарса.Тие без срам ја прогласија истрагата за завршена, а дури и врапчињата знаат дека многу повеќе лица се вклучени во овој мега-скандал, односно скандал најголем до сега во историјата на Македонија.
Впрочем, од мај месец кога бил пријавен случајот во обвинителството Русковска со сите сили се обидувало да го забошоти целиот случај за да не се открие главата на октоподот. Сите знаат дека главата на октоподот се наоѓа во Владата. Веројатно и Катица Јанева немаше да биде обвинета, ако за тоа не излегоа материјали во италијански медиуми.
Со месеци Катица Јанева не беше приведена и во меѓувреме се губеа телефони, па се наоѓаа, па се форматираа телефони и компјутери, па компјутери од СЈО беа форензички бришени. Во сред истрага Вилма Русковска си беше на одмор колективно со целото обвинителство коешто беше задолжено за овој случај и никој ништо не преземаше со недели.
Сето тоа говори дека истрагата била контаминирана и постојат сериозни индиции дека Русковска со ваквиот начин на работење ги штитела од проширување на истрагата лицата коишто беа споменувани под псевдоними во јавноста Кики, Фрики, Шеки, Баки и слични, но и целокупниот Меѓународен сојуз, кој бил еден од главните канали за рекетирање од страна на организираната група којашто имала поддршка од страна на владата и СДСМ.
Русковска веќе го изгуби кредибилитетот да го води случајот „Рекет“. Премногу е очигледен обидот да се спречи проширување на истрагата, а веќе постојат индиции дека постојат пазарења и со обвинители да не ја откриваат целата мрежашто постоела и којашто функционирала и работела да изнудува пари. Затоа исказите на клучните во случајот доцнат или се бранат со молчење додека целиот случај не се забошоти или додека не се испазарат со правдата“, истакна Арсовски.
Ова не е правна држава, ова е правен циркуз. Затоа правда и одговорност мора да има за сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка, Магдалена Несторовска, оствари работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ по повод одбележувањето една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.
„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со цел да ги одбраниме нашите и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите што ги направија договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.
„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме и од неодамна имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справуваме со миграцијата. Од земја што бараше помош од другите држави за справување со миграцијата, сега нудиме помош“, рече Бојмацалиев.
Македонија
Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“
Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.
Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.
Македонија
Успешна сложена дентална операција – изведена транспозиција на нерв
Вчера, успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјата.
Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – Дијана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.
Видеоприказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамките на меѓународниот имплантолошки конгрес, кој почнува денес во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а ќе трае до 20 април. Напредната хируршка техника првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.
Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите што ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Дијана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME – европски кредит-поени.