Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе иницијатива за укинување на новиот закон за пензии
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција информираше дека со Синдикатот на пензионерите одржале состанок на кој се разговарало за актуелната положба на пензионерите во земјава. Тој информриаше дека детално го анализирале новото законско решение коешто помина во рамките на Парламентот.
„Пензионерите ни ги претставија сите нивни забелешки, сите нивни сугестии како истиот тој закон да биде подобрен. За ВМРО-ДПМНЕ основна цел ќе биде подобрување на квалитетот на животот на пензионерите бидејќи тие тоа го заслужуваат. Бидејќи имаат многу дадено за оваа држава. И тоа колку многу имаат дадено за Република Македонија. Така што навистина заслужуваат е пензионерските денови да им бидат достоинствени, а не да бидат омаловажени и понижени, како што впрочем владата на СДСМ и Зоран Заев се труди да омаловажи и понижи сè во ова држава. Се разбира врвен приоритет се нивните лични приоритети и сугестии“, изјави Мицкоски по денешниот состанок.
За време на денешната средба со Синдикатот за пензионерите од партијата посочија дека во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе предлог-закон за укинување на новото законско решение каде што практично пензионерите се оштетени за приближно 500 денари по месец имајќи го предвид движењето на просечната нето-плата во изминатото полугодие, и ќе бара веднаш враќање на старото законско решение.
„Практично сите оние нефункционални и проблематични т.н. реформи што ги прави Владата на СДСМ и Зоран Заев. За волја на вистината, структурна реформа е само оваа минималната плата, но ги гледаме сите негативни ефекти на таа минимална плата каде преку што 300000 пензионери секој месец во годината што следува ќе бидат со намалена пензија од 500 денари. Односно нема да го добијат заслуженото покачување за приближно 500 денари“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.
Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.
Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.
Македонија
Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
„Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
„Во реонот на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, во повеќе наврати ќе се извршат минирања на теренот“, информираат од ЦУК.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.