Македонија
(Видео) Дуковски: Мора да се придржуваме кон мерките за превенција и самоизолација
На денешната дискусија во живо на фејсбук-страницата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Превенција и заштита од коронавирусот – Затоа што секој живот вреди“, доктор Душко Дуковски од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека треба да се сфати сериозноста на ситуацијата, мора да се придржуваме кон мерките за превенција и самоизолација максимално, компаниите да помогнат во борбата против вирусот.
Доктор Дуковски потенцираше дека во Кина вирусот се прошири на повеќе од 80 илјади граѓани со доста помал процент на смртност, но несфатливо висока смртност има во Европа, конкретно во Италија. Во моментов се испитува дали е истата форма на вирусот или има одредени мутации. Многу меѓународни фактори се вклучени во анализа и испитувања, за да се најде решение, за да се најде геноном на вирусот и да се направи вакцина.
„Проекциите се дека ќе расте бројката, да се надеваме дека ќе бидат излекувани. Сите сектори во Македонија вклучително и компаниите, не само здравствениот сектор, треба да помогнат во борбата со вирусот“, вели д-р Дуковски.
Докторот вели дека во секој случај враќањето од кризните жаришта и самоизолација на граѓаните беше мерка на превенција, но се остава на самосвеста на граѓаните. Проблематиката е комплексна, затоа што се одразува на сите, особено од економска гледна точка. Самосвеста треба да биде насочена кон презервирање на животот и здравјето на граѓаните, затоа што секој живот вреди.
На прашањето што ќе се случи од болните деца од болницата во Козле при пренамената на болницата за потенцијалните заразени да бидат сместени таму, д-р Дуковски истакна дека болните дечиња би се згрижиле на Клиниката за педијатрија.
„Централната Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги следи сите информации и заземавме еден проактивен став и дел од предлозите беа прифатени од владата, и сега не е време за политика, време за да се грижиме за здравјето на граѓаните. Владата има формирано кризен штаб за состојбата со коранавирусот, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е најбројна и има лица од повеќе профили од медицината, ние подадовме рака и стоиме на располагање“, истакна д-р Дуковски.
Тој исто така потенцираше дека треба да се сфати сериозноста на ситуацијата, сите оние коишто немаат реална причина да не одат на лекар, и во терцијарното здравство и кај матичните лекари, за да се намали притисокот на здравствениот систем. Доктор Дуковски изрази пофалба и поддршка за сите медицински работници и вели дека сите се на своите работни места и работат деноноќно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања
Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.
Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.
„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со обновливи извори на енергија ќе обезбеди поголемо и поквалитетно снабдување со електрична енергија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Гевгелија одговарајќи на новинарски прашања истакна дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе вложува во обновливи извори на енергија како што е ветерниот парк Богданци, со цел поголемо и поквалитетно производство на електрична енергија.
Во овој регион недалеку се гледа ветерниот пак Богданци кој го реализираше владата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме и понатаму исто во околината, втората фаза, но и други можности се испитуваат за одреден вид на јавно приватно партнерство помеѓу денешно ЕСМ и приватни инвеститори за изградба на вакви енергетски капацитети, со што ќе се зголеми производното портфолио од обновлива енергија во Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека на тој начин ќе се обезбеди поквалитетно снабдување со електрична енергија до нашите граѓани, а воедно порача дека ќе се укине таксата за пристап до мрежа која ја наметна оваа власт.
– Она кое е важно, онаа наметната такса за пристап до мрежата која ја наметна октроираниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, целосно партизираниот Бислимовски, ќе биде укината. Цениме дека нема потреба од таков тип на оптоварување на граѓаните, изјави Мицкоски.
Македонија
Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите
Собранието со 78 гласа „за“ го донесе предлог-законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите.
Законот има цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите така и генералната и општата безбедност во државата, пред сè, преку воспоставување законска основа и формирање единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување систем за видеонадзор и користење боди-камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на правата од работниот однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ, извести Министерството за правда.
Покрај зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата, со овој предлог-закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем. Постојат повеќе причини за донесување на предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, како, на пример, менување во голем дел на кривичното законодавство во земјата, со тоа и предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите како важна алка во кривичното законодавство и кривичноправниот систем во целина, потоа менување на затвореничката структура во Македонија, а во голем дел појавата на сè поголем број радикализирани осудени лица, потребата од заострување на начинот на кој осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во неа, се додава во соопштението на Министерството за правда.