Македонија
(Видео) Заев во Валандово: Имаме силна поддршка од сојузниците, решенија ќе бараме низ дијалог
Никогаш нашата земја немала толку силно изразена поддршка од целиот свет како што ја имаме денеска и почитта што ја добиваме како народ, истакна претседателот на СДСМ во своето обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која вечерва се одржува во Валандово.
На Преспа форумот дојдоа светски државници, лидери и општественици кои дадоа почит на сето ова што го правиме во Северна Македонија.
„ Постигнавме убав баланс со едно општество за сите, за да има мир и соработка, а преку тоа да има посилна економија и повиоск животен стандард.Историски проблеми решававме во овие четири години. Постигнавме договори со Грција и Бугарија, ги отворивме вратите, станавме членка на НАТО, денес сите земји членки на ЕУ зборуваат позитивно за Република Северна Македонија и сите 26 земји членки денес разговараат со Бугарија за да станеме земја членка на ЕУ. Денес сме НАТО, трајно е обезбедена нашата безбедност, нашиот територијален интегритет и го заштитивме идентитетот“, порача претседателот Заев.
Претходно, додаде Заев, за сите бевме ФИРОМ, а денеска за сите, за целиот свет вклучително и за Грција сме Македонци со македонски идентитет.
„ Блокадите на Бугарија ја кренаа нашата слава. Денеска Северна Македонија е поддржувана како никогаш претходно, за секоја наша идеја, за секој наш проект имаме поддршка и од САД и од Европа. Јас сум убеден дека низ духот на пријателството, внимавајќи целосно на нашите идентитетски линии, ќе изнајдеме решение, затоа што во наш прилог е соседите да ни бидат пријатели, прашањата да ги решаваме низ дијалог, а не со кавги и конфликти, каде народот ја плаќа сметката, заклучи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.