Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Да ги спроведеме реформите до март, конечно, да обезбедиме функционална правна држава

Објавено пред

Голема е одговорноста да се биде носител на правдата и да се биде праведен. Потребни се добри закони, потребно е почитување на законите од судската, извршната, законодавната власт, од институциите, од секој професионалец и секој граѓанин одделно. Потребна е и свест и совест дека само општеството поставено на правда и правичност носи мир и е добро место за живеење на граѓаните, порача премиерот Зоран Заев на работната средба во организација на Академијата на судии и јавни обвинители и Центарот за истражување и анализи, со претставници на апелациските судови и Врховниот суд на Република Македонија, што се реализира и со поддршка од британската амбасада, а се одвива во Струмица.

dobivaj vesti na viber

„Со вас судиите, обвинителите, стручната јавност, се обидуваме да ги усогласиме законите според европското законодавство и препораките што се бараат во поглавјето за правосудство во преговарачкиот процес што очекуваме да почне со ЕУ. Но, клучната обврска останува на вас како судии и на сите нас како држава: конечно, да обезбедиме функционална правна држава! Правото и правдата мора да му бидат достапни на секој граѓанин и да важат неселективно, еднакво за сите!“, истакна Заев.
Тој апелира судиите да си ја работат работата според совеста и законите, непристрасно, објективно, професионално, без прифаќање странични влијанија од кого и да доаѓаат. Нагласи дека законите во оваа држава се спроведуваат и ќе се спроведуваат.

„Како извршна власт, ќе го направиме она што е наша должност, да ги обезбедиме сите потребни услови за ефикасно да функционира правната држава во Македонија. За тоа се обврзавме пред граѓаните, тоа ни е обврска како држава за да ги почнеме преговорите со ЕУ во јуни и да станеме членка на Европската Унија. Ефикасен правен систем ни е потребен и за членството во НАТО“, рече премиерот.

Важните закони, како што дополни Заев, што се однесуваат на ефикасното правосудство, очекува дека до Нова година ќе влезат во собраниска процедура.

„Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија се работени од стручна работна група составена од судии, професори, поранешни судии на Судот за човекови права во Стразбур, членови на Судскиот совет на Република Македонија. Измените и дополнувањата се во согласност со препораките дадени од Венециската комисија, ГРЕКО и Оценската мисија на ТАЕКС за обука на судии и јавни обвинители според насоките утврдени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, а ја поминаа и расправата во Советот за реформа на правосудниот сектор и, како што сум информиран, нивното донесување е поздравено“, додаде Заев.

Тој појасни дека се воведува категоријата млади судии или судии избрани во основен суд со проширена надлежност со судиски стаж до две години да може да работат само на предмети од надлежност на суд со основна надлежност, односно полесни предмети.

Основните судови во Кичево, Кавадарци и во Гевгелија добиваат проширена надлежност. Анализите покажуваат дека овие судови континуирано низ годините имаат предмети изразено над просекот на предмети што го имаат судовите со основна надлежност.

Ваквата поставеност, според премирот Заев, негативно влијае на секојдневното работење на правните лица, за коишто е надлежен Основниот суд во Велес, а така индиректно и на целокупното пазарно работење и на развојот на стопанството во јужните делови на Македонија.

„Меѓународните стандарди предвидуваат посебен третман на децата сторители на кривични дела, што треба да биде остварен во нивното место на живеење. Ваквите меѓународни стандарди се неостварливи доколку судот е значително оддалечен од местото на живеење на детето“ изјави Заев.

Целта на измените на оваа одредба е, како што рече, остварување полесен и поефикасен пристап до правдата на голем број граѓани на Република Македонија.

„Се предвидува надлежноста на Судскиот совет на Република Македонија да го утврдува оптималниот број на судии и судии поротници во судовите. Се овозможува во случај на полесен облик на повреда на основите за разрешување судија, да може да му биде изречена дисциплинска мерка наместо разрешување во согласност со препораката на Венециската комисија. Се врши дефинирање на поимот истакнат правник како член на Советот избран од Собранието. Се предлага тие да бидат од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд.

Се пропишуваат основите и постапката за изземање и поднесување барање за дисциплинска постапка за член на Советот во согласност со препораката на Венециската комисија. Се прошируваат основите за престанок на судската функција и во случај ако на судијата во вршење на судиската функција му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност за дело поврзано со злоупотреба на судиската функција. Се воведува нов концепт на оценување судии, само во случај на унапредување во суд од ист степен, повисок суд или за претседател на суд.

„За да поминат законите во парламентот, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот – ние сме во контакти и со опозицијата и верувам дека ќе биде дадена широка и политичка и општествена поддршка. Да ја хармонизираме судската практика, да ги усогласиме законите со законодавството на ЕУ, да ја обезбедиме правдата во нашата држава и сите да се чувствуваме спокојни и заштитени во еден ефикасен, фер и правичен правосуден систем!“, порача Заев.

Тој ги повика сите надлежни институции и поединците да ја сфатат сериозно оваа обврска, да ги донесат законите до март и да се почне со нивна ефикасна реализација.

Македонија

Ковачки: Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица

Објавено пред

Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци и секаде каде што одев преовладуваше една иста мисла. Време е за промени време е Македонија да престане да губи време Македонија да почне да победува- кажа Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ3 од митингот во Ранковце.

dobivaj vesti na viber

„Време е Македонија да ја вратиме во рацете на граѓаните, затоа што Македонија ни е одземена, ни е украдена и затоа што Македонија ни е понижена. Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица. Значи луѓе со 13 пратеници во изминатиот период успеаја да ја девастираат Македонија. Да го уништат системот да ги уништат институциите“, кажа Ковачки и додаде:

Здравството не функционира, земјоделците ни велат немаме загарантирана откупна цена, немаме вода за да си ги наводнуваме нашите ниви, немаме откупни центри епа затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе вложи 800 милиони евра само за земјоделците. Ќе ги реновираме сите водоводни канали. Ќе воведеме откупна загарантирана цена и ќе отвориме нови откупни центри.

Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува 5 000 денари покачување на пензиите за сите. Ветуваме проширување на позитивната листа на лекови. 250 милиони евра директна помош за Општините.

„ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација на следните проекти: Изградба на делницата од Страцич (Чатал) до Длабочица како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 до Република Бугарија. Ќе се работи на изградба на канализациона мрежа за Опила, изградба на патен правец с. Петралица до село Баратлија, изградба на општински пат Радибуп до Средна маала, како и повеќе други проекти кои заедно со Општината Ранковце ќе ги реализираме“, нагласи Ковачки и додаде:

За сето тоа потребна ни е поддршка, масовната излезеност за пет дена од сега ни е многу важна. Поддршка на 24-ти април за г-ѓата Гордана Силјановска Давкова. Потоа на 8-ми мај да славиме голема и убедлива победа, да си ја вратиме Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Милошоски: Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш, реконструкција на стоковната куќа и инфраструктурата ќе бидат во првите приоритети

Објавено пред

„Би сакал да изразам благодарност за поканата од страна на градоначалникот и соработниците на Општина Радовиш. Од она што може да се забележи општина Радовиш во моментов има два крупни проблеми, првиот е еден мал скромен буџет, а вториот проблем е што самата централна власт на општината и прави опструкции со политички намери“, рече Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник во изборна единица 4.

dobivaj vesti na viber

„Со промената на власта овие два проблеми за Радовиш ќе бидат надминати, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.

Реконструкцијата на стоковната куќа и нејзината пренамена во објект кој ќе го користат граѓаните и ќе биде од јавен интерес е еден од првите проекти на кој сакаме да дадеме поддршка на општина Радовиш.

Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.

За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде. Нам ни треба разликата да биде поголема по број на пратеници за да можеме како влада да не зависиме и да не бидеме уценувани од други политички субјекти и да ја постигнеме нашата политичка цел, формирање на влада во која нема да учествува ДУИ.

Сметаме дека оваа партија досега не направи добри работи, напротив, стана еден фактор на висока корупција и криминал и ВМРО-ДПМНЕ има намера во новата влада да не вклучува вакви субјекти за да можеме реформите и на државата и помошта на општините да ги спроведуваме на поефикасен начин“, соопшти Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник во изборна единица 4.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија7 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија8 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет9 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет9 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија10 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија10 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет10 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет10 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија20 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија20 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија22 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...