Македонија
(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме
Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува европските лидери да одобрат датум за почеток на преговорите меѓу земјава и ЕУ.
„Почитувани европски лидери, не гасете ги ѕвездите кон кои посегаме, не станувајте наша пречка, бидете наши херои. Европскиот пат е наш единствен пат“, рече Заев во обраќањето.
Тој нагласи дека вторпат годинава македонскиот народ е во големо исчекување и очекување.
„На крајот на јуни и почетокот на јули од Брисел стигна пораката дека само поради календарски усогласувања на земјите членки, добрата вест ќе ни пристигне во октомври. Еве го октомври. Дојдовме во Брисел и ја очекуваме заслужената вест за одлука за да почнеме преговори за нашата стратешка цел, членството на Северна Македонија во Европската Унија“, порача премиерот.
Како што кажа тој, земјава ја разбира потребата од нова методологија за преговори и го поддржува тоа, но смета дека и двата процеса можат да одат паралелно.
„По десет позитивни препораки на Европската комисија, јас како премиер, опозицијата, а особено мојот народ – сигурни сме и убедени, како никогаш досега, дека треба да започнеме со преговорите – тоа е така бидејќи сме подготвени и политички и институционално. И граѓаните ни се повеќе од подготвени“, кажа Заев и додаде дека кај народот и меѓу членовите на Парламентот кои го поддржаа спроведувањето на договорот од Преспа ќе има големо разочарување во случај на негативна одлука.
Премиерот во излагањето му се заблагодарам на комесарот Хан за неговиот личен ангажман за добивањето на одлуката за преговори и за целиот негов напор во изминатите години.
„Комесаре Хан, драг Јоханес, ве уверувам дека Република Северна Македонија високо го цени ова и ви ветувам дека никогаш нема да го заборави. Вие сте голем пријател на нашата земја“, истакна тој и уште еднаш ги повика лидерите на ЕУ, да не ја гасат светлата ѕвезда кон која се стремиме.
„Немојте да станувате нашата пречка. Бидете нашите херои“, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај;
· Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај;
· Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од ул. Никола Малешевски и дел од ул. Џон Кенеди бр.27 о. Чаир;
· Во период од 09,00 до 15,00 часот дел од ул.2 и дел од ул.10 с. Долно Лисиче о. Аеродром.
Сервисни информации
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Ковачевски: Треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон ЕУ, или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност
СДСМ е опција која носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ, во Куманово.
„Ние треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон Европската Унија во која ќе биде подобро за сите или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност. Тоа ќе биде одлуката на претстојните избори, помеѓу „надеж со СДСМ“ и „безнадежност со ВМРО-ДПМНЕ“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „враќање во темното минато со ДПМНЕ“. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа, нема откажување од иднината. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните“, потенцираше Ковачевски.
Порача дека СДСМ ќе извојува победа и на претстојните претседателски и парламентарни избори, а победата ќе биде очигледна и во Куманово.
„Јас знам дека и овој пат ќе издвојуваме голема заедничка победа и ќе им покажеме дека лаги и манипулации не поминуваат во Куманово. Градот што се крена прв против фашизмот во време не НОБ знае што значи да си на вистинската страна на историјата. Куманово знае што значи борба за подобра иднина. Куманово секогаш било бастион на социјалдемократијата. На последните парламентарни избори, пред четири години, СДСМ и коалицијата во Куманово освоија три и пол илјади гласови повеќе од ДПМНЕ“, нагласи Ковачевски додавајќи дека граѓаните ги поддржуваат големите партии како СДСМ затоа што знаат дека можат да ја однесат државата напред во иднината, а не да ја вратат назад во минатото.