Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Наградата доаѓа во незапаметени времиња кога на Балканот пламтат огнови, но и пријателства

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев ja доби меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ на Свечената академија во Народниот театар во Сараево, каде што присуствуваа гости од земјата и пошироко, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БиХ. Наградата му е доделена на премиерот Зоран Заев, како што е посочено, за неговите напори и иницијативи како позитивни и историски вреднувани, особено во воспоставување пријателства и соработка на Балканот.

dobivaj vesti na viber

Заев, по доделувањето на оваа државничка награда, се обрати пред присутните, организаторите од здружението „Клепсидра“, членовите на Комитетот за доделување на ова единствено државничко признание во Босна и Херцеговина и претседателката Адила Пасалиќ-Кресо, aкадемици, дипломати, претставници на медиумите, гости, меѓу кои беа и членовите на делегацијата што допатува со него во Сараево, потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, заменикот-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.

„Ова е навистина награда што ќе се памети. И за мене како добитник, но и за вас како доделувачи затоа што доаѓа во незапаметени времиња кога во нашиот регион, на нашиот Балкан, пламтат огнови, но и пријателства. Овие пријателства се новата надеж на стабилност, безбедност и развој – на нашите држави, на Балканот и на Европа. Земјите на Балканот како никогаш досега ги предводат лидерства што сакаат и умеат да бидат пријатели. Се борат за доброто на своите граѓани во своите земји, но со широка свест како никогаш досега дека едниот оди напред, само кога и другите одат напред.

И така работиме – свесни дека таа психологија на национализам, радикализам, популизам, себичност, никому не му донесе добро. За еден народ беше лошо – за сите стана лошо. Денес, на искуствата од минатото, ние, пријатели, градиме иднина. Европската Унија го препознава овој позитивен момент на Балканот, но не смее да ја испушти шансата денес, да му подаде пријателска рака на Балканот“, рече премиерот Заев.

Тој се заблагодари за честа што му е укажана со наградата „Иса-бег Исаковиќ“ и признанието што го носи оваа награда „Во потрага по пријател“. Заев посочи дека Република Северна Македонија сработи во реформите, го воспостави пријателскиот концепт едно општество за сите, дома, со еднакви шанси за сите и со оглед дека нашата држава, како и Босна и Херцеговина, изобилува со различности од националности, традиции, култури, вери, покажавме дека ние веќе сме Европа во мало и можеме успешно да функционираме.

„Ги стабилизиравме и зацврстивме односите со нашите соседи Бугарија и Грција, со кои не само што воспоставивме пријателства туку тие држави и нивните раководства се веќе меѓу најголемите лобисти во ЕУ за да го добиеме заслужениот датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Сработи Република Северна Македонија, која со чест ја предводам.
И, сега, Европа треба да ја исправи историската грешка, што ја признаа и европските институции и земјите членки, а свесна дека го заслужуваме исчекорот во евроинтеграциите е и пријателска Република Франција.

Треба, мора, фер е, европска вредност е да се одржи зборот, зборот даден кон држава што покажала на дело што значи да се биде пријател. Тоа ќе биде мотивација за новите пријателства на нашиот Балкан, кои време е да се случат. И сите заедно да обезбедиме стабилност, сигурност и просперитет на нашите држави и на регионот, во Европа, на која ѝ припаѓаме природно, географски, трационално, културно, културолошки, секако“, порача премиерот Заев.

Тој го посочи особено договорот од Преспа, кој е навистина редок пример на функционална дипломатија и со кој, како што рече, е ставен крај на еден долг, тежок, исцрпувачки, деструктивен тридецениски спор, што ги блокира перспективите за нашите клучни стратешки интереси, НАТО и ЕУ, а наведе дека е сличен и примерот со нашиот пријател – Република Бугарија и договорот за добрососедство со неа.

„Дали можевме сами да го постигнеме тој договор? Не. Потребен ни беше пријател од другата страна, кој е подготвен да споделува вредности. Го добивме тој пријател во Република Грција. Вредност се политиките на изнаоѓање решенија како нешто може, а не политиките на изнаоѓање оправдувања зошто нешто не може. Сличен е и примерот со нашиот пријател Република Бугарија. Постигнувањата на Република Северна Македонија, пријатели, се постигнувања на целиот регион. Дали ќе беше можно да се дознае за нашите зрели одлуки ако не беа медиумите од регионот што ги препознаа тоа? – Не, немаше да се дознае.

Дали ќе беше доволно да зборуваме самите за себе што значат нашите тешки одлуки за чувствителните прашања ако не беа раководствата на БиХ, Србија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Словенија, Косово, ако ја немавме вашата поддршка?! – Не, немаше да биде доволно. Дали ќе беше можно да сме на чекор до полноправно членство во НАТО?! Или поддржани од сите европски институции, дека заслужуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ – ако тоа не го препознаеа државите членки на НАТО и на Европската Унија?! – Не немаше да биде можно. Низ пријателствата што ги подадовме кон сите вас и низ пријателствата што ги добивме од сите вас – напредокот на Република Северна Македонија стана реалност.

Затоа, не само Балканот туку и Европа денес е пред предизвикот да го потврди пријателството со Западен Балкан на дело и да ги осигури мирот, стабилноста, економскиот развој и на регионот и на самата Европа“, додаде премиерот Заев.

На крајот од обраќањето пред присутните на свечената академија премиерот Заев упати охрабрување до присутните да продолжи изградбата на пријателства.

„Сакам да упатам силна поддршка на вашата т.н. потрага по пријател. Јас, Зоран Заев, и мојот народ, сме ваши пријатели и тоа ќе го докажуваме постојано низ политиките на меѓусебна поддршка и разбирање затоа што знаеме дека пријателството е живо, само кога вложуваме во него. Продолжете со потрагата по пријатели. Сè додека има потрага по пријатели – ќе има и пријатели“, им се обрати и на организаторите, здружението „Клепсидра“, на свечената академија во Сараево, на која му е доделена наградата „Иса-бег Исаковиќ“.

Наградата што ја доби претседателот на Владата, Заев, се состои во, како што е речено, уникатна скулптура, која претставува калеидоскоп на културното наследство на народите во БиХ, заедно со  признанието на оваа награда „Во потрага по пријател“.

https://makfax.com.mk/wp-admin/media-upload.php?post_id=1729504&type=image&TB_iframe=1&width=753&height=589



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Објавено пред

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..

dobivaj vesti na viber

„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.

Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.

It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.

Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип

Објавено пред

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.

„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.

„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет47 минути

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет58 минути

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија1 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 час

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет2 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија17 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија19 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија20 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија20 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...