Македонија
(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери
Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери. Според премиерот, владината коалиција е стабилна и се надева дека ќе расте во иднина.
„Секаде каде што сме поставени со коалиционите партнери, а СДСМ нема свој кандидат, од спротивна страна има опозициона партија, во принцип даваме поддршка на коалициониот партнер. Во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево даваме поддршка на Фатмир Бехари, во Гостивар го поддржуваме Невзат Бејта, во Чаир ќе го поддржиме Висар Ганиу. Коалицијата е стабилна со надеж дека ќе расте во иднина. Во општините каде сме заедно само ние коалиционите партнери, кај што сме со ДУИ во Долнени, Арачиново, Чашка, во Желино и Тетово каде ДУИ и БЕСА имаат кандидат, во такви околности секако прво ќе се обидеме како СДСМ да победиме“, рече Заев.
Прашан што се променило од последната негова изјава во која кажа дека е разочаран од Мерко, премиерот посочи дека кандидатот на ДУИ дејствувал и преземал чекори за зачувување на статусот УНЕСКО.
„Нашите членови имаат добиено инструкции по слободно убедување, тоа што мислат дека е најдобро за нивниот град, да го изберат. Имаше доста промени потоа, по по моите апели. Кога Коста почна во името на иднината на Охрид и Македонија, да презема чекори кои значат потврдување на статусот УНЕСКО, не бевме задоволни од Мерко. За недела-две почна и тој. Навистина почна активности, кога ги направивме ваквите предизвици, мораме да им служиме на граѓаните“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај;
· Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај;
· Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од ул. Никола Малешевски и дел од ул. Џон Кенеди бр.27 о. Чаир;
· Во период од 09,00 до 15,00 часот дел од ул.2 и дел од ул.10 с. Долно Лисиче о. Аеродром.
Сервисни информации
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Ковачевски: Треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон ЕУ, или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност
СДСМ е опција која носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ, во Куманово.
„Ние треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон Европската Унија во која ќе биде подобро за сите или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност. Тоа ќе биде одлуката на претстојните избори, помеѓу „надеж со СДСМ“ и „безнадежност со ВМРО-ДПМНЕ“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „враќање во темното минато со ДПМНЕ“. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа, нема откажување од иднината. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните“, потенцираше Ковачевски.
Порача дека СДСМ ќе извојува победа и на претстојните претседателски и парламентарни избори, а победата ќе биде очигледна и во Куманово.
„Јас знам дека и овој пат ќе издвојуваме голема заедничка победа и ќе им покажеме дека лаги и манипулации не поминуваат во Куманово. Градот што се крена прв против фашизмот во време не НОБ знае што значи да си на вистинската страна на историјата. Куманово знае што значи борба за подобра иднина. Куманово секогаш било бастион на социјалдемократијата. На последните парламентарни избори, пред четири години, СДСМ и коалицијата во Куманово освоија три и пол илјади гласови повеќе од ДПМНЕ“, нагласи Ковачевски додавајќи дека граѓаните ги поддржуваат големите партии како СДСМ затоа што знаат дека можат да ја однесат државата напред во иднината, а не да ја вратат назад во минатото.