Македонија
(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки
Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе нѐ скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“.
Заев рече дека понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.
„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно кажаната определба да бидеме обединети за обезбедувањето на подобра иднина на нашиот народ. Се разобличија лажните наводи за ново мнозинство. Имаме владина коалиција, која е стабилна. Продолжуваме да работиме посветено за граѓаните. Пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија казна, критика. Тој глас го слушаме, разбираме и уважуваме. Свесни сме дека јас и партијата, дека нема толеранција за повторување на грешките. СДСМ учи, се менува и ги поправа грешките за брз напредок на државата. Ова е демократска, отворена и приземјена опција, која се коригира и менува по критика“, рече Заев.
Тој побара сплотување и обединување на сите сили во име на сѐ што е постигнато досега. Пораката на Заев за обединување е за да не се врати земјата, како што рече, во криза и неизвесност.
„СДСМ е влезен во процес на редефинирање и унапредување за комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за побрзо разбирање на граѓаните. СДСМ станува подостапен за народот. Оваа опомена ќе се рефлектира и на работата на општинските институции. Ние нема што друго да кажеме, освен благодариме, примено. Од овој момент СДСМ постапува по насоката што ја дадоа граѓаните. Првата порака е до партиските граѓани, ние добивме жолт картон од граѓаните. Колку ќе ги послушаме граѓаните, од тоа зависи дали ќе добиеме црвен“, истакна тој.
Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.
„Нема напредок ако Скопје продолжи надвор. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да оди државата напред ако таа има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме за власт што обединува и влече напред“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Успешна сложена дентална операција – изведена транспозиција на нерв
Вчера, успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјата.
Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – Дијана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.
Видеоприказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамките на меѓународниот имплантолошки конгрес, кој почнува денес во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а ќе трае до 20 април. Напредната хируршка техника првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.
Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите што ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Дијана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME – европски кредит-поени.
Македонија
МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ
Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во две саботи, односно на 18 мај и 1 јуни, објави претседателот на Самостојниот синдикат за образование и култура (СОНК), Јаким Неделков.
Во дописот што го објави Неделков стои дека причината е за да се исполни одредбата од законот, со кој учебната година се остварува во 180 наставни дена, а притоа да не се продолжи учебната година.
МОН, покрај тоа, ги задолжува основните училишта во град Скопје на 15 јуни да ги одработат и пропуштените часови од 30 ноември лани, кој беше неработен ден поради одржувањето на министерскиот совет на ОБСЕ.
Неделков побара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече известувањето до училиштата.
„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови прогласени од Владата поради одржувањето на претстојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни дена, како, на пример, учебната 2021/2022 година“, напиша Неделков на „Фејсбук“.
Владата, претходно, ги прогласи за неработни за сите граѓани деновите на одржувањето на изборите, 24 април и 8 мај.
Македонија
Пендаровски: Знам некои од другата страна кои имаат многу причини за страв од ветинг
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчеравечер од Кочани одговори зошто не е доцна во државата да се спроведе ветинг.
„2016 јас бев дел од тие кандидати за пратеници тогаш тоа го ветувавме. Добивме инструкција од Брисел дека заради негативните искуства во соседна Албанија, каде многу малку судии и обвинители го поминале тој тест, ветинг е проверка на имотната состојба, преведено на народски, дали си живеел во мандатот само од плата или си крадел и од други места. Значи, дали си чесен. Ги послушавме и дојдовме до 2% доверба во правосудството“, рече Пендаровски.
Во оваа насока тој истакна дека не само оваа политичка структура, туку дека после изборите сите треба да се заложат да се спроведе ветинг на судиите и на обвинителите, но и на политичарите.
„Значи не можеме ние целата вина да ја ставаме на судии и обвинителите, а самите да се амнестираме од тоа. Прво да се тргне од претседателот, од премиерот, од неговите роднини, пријатели, колеги, блиски, подалечни роднини, да не случајно си префрлил имот на друго име, само така ќе знаеме кој е човек со образ, кој суди по Устав и по закон. Сè друго е лажење на народот“, подвлече Пендаровски.
Потребно е да го спроведеме ветингот, за како што рече тој, граѓаните да не се сомневаат дали судиите и обвинителите работат согласно со законите или како што ќе им наложи некој друг.
„Да нема генерална перцепција во народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари украдени на наплатна рампа одиш во затвор, а за милијарди украдени си живееш лагодно по не знам кој светски даночен рај. За да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг или проверка на имотот на секој од нас и не само последните пет години. Ајде да тераме од 1990. Зошто да не? Јас немам од што да се плашам. Меѓутоа, знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв“, заклучи Пендаровски.