Македонија
(Видео) Здравковски: Со укинувањето на печатените учебници спроведувате социјална поделба во Македонија
Реагирајќи на неодамнешната изјава на министерката за образование Мила Царовска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски вели дека со укинување на печатените учебници и воведување на дигитални, ја спроведува најдлабоката социјална поделба и дискриминација во последните години во Република Македонија. Според Здравковски, таа ја вади на површина сета лага наречена „Едно општество за сите“.
„Со оглед на тоа дека и самата Царовска кажува дека 1.300 ученици немаат струја, стотици ученици учат алтернативно, на телевизија и со земање печатени материјали од училиштата, стотици немаат уреди за следење на онлајн настава, таа треба да е сосема свесна дека околу 25.000 ученици остануваат на милост и немилост на судбината и финансиската немоќ на нивните родители, од проста причина што овие ученици се припадници на најранливите категории на граѓани“, вели Здравковски.
„Учебниците наместо МОН, според Царовска, ќе треба да ги печатат училиштата, кои од задолжените општини не можат да обезбедат финансии ниту за најосновните потреби, па оттука учебниците ќе паднат на товар на родителите. На оние истите родители кои немаат струја, немаат интернет, а не пак компјутер за своите деца. Образованието веќе нема да биде бесплатно, а социјалната нееднаквост меѓу учениците ќе се зголемува, со тоа и нерамноправноста и булингот, кој и онака е присутен во нашите училишта. Впрочем, видовте што се случуваше овие денови во Велес. Без печатени учебници се врши нехуман експеримент врз идните генерации на Македонија и во превез на модернизација се спроведува разрушување на и онака кревкото образование“, реагира Здравковски.
Тој потенцира дека без класична печатена книга нема вовед во знаење и љубов кон знаењето, ниту пак ќе имаме успешно образование.
„Нема право таа да ни ги осакатува децата, ниту пак Владата, со никакви наводно модерни, а всушност лажни реформи, со трошење на туѓи пари. Ја прашуваме министерката дали под превезот на модернизацијата, покрај тоа што ги укинува и историјата, македонскиот јазик, народното творештво, културното наследство, ги укинува и учебниците, со што без пишана трага на хартија ќе биде многу полесно да се уништи и целиот образовен систем и идентитетот на идните генерации“, праша Здравковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и државната секретарка, Магдалена Несторовска, остварија работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.
„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со целд а ги одбраниме нашит еи границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија, и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување”, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите, заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите кои ги направија Договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.
„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме, и од пред некое време имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справување со миграцијата. Од земја која бараше помош од другите држави за справување со миграција, сега нудиме помош”, рече Бојмацалиев
Македонија
Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“
Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.
Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.
Македонија
Успешна сложена дентална операција – изведена транспозиција на нерв
Вчера, успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјата.
Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – Дијана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.
Видеоприказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамките на меѓународниот имплантолошки конгрес, кој почнува денес во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а ќе трае до 20 април. Напредната хируршка техника првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.
Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите што ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Дијана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME – европски кредит-поени.