Македонија
(Видео) Зеќири: Единствен излез се предвремени избори организирани веднаш
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против, порача пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири. Изборот е јасен, одлуката е: или ЕУ и НАТО или изолација и неизвесност, додаде тој.
„Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето амнестија за Никола Груевски и неговите соработници и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието.Никогаш претходно во последните 20 години ниту една полтичка идеја не добила толку голема поддршка од граѓаните. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО“ исткна Зеќири.
Според него, сега е моментот, сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се должни да ја следат оваа јасно изразената волја на над 600.000 граѓани за членство во ЕУ и НАТО.
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои навистина се за НАТО и ЕУ мора да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието. Сите економски параметри прецизно покажуваат дека процесот на приближување до ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата. Растат инвестициите, расте финансиската поддршка, се отвораат нови работни места“ нагласи Зеќири.
Затоа, како што рече, за иднината на Македонија најважно е да продолжи процесот на интеграција во ЕУ и НАТО. Тој вели дека ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продолжат со измислувањето нови нелогични барања, јасно е дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација и неизвесност.
Во тој случај, потенцираше Зеќири, пради неодговороноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствен излез се предвремени избори организирани веднаш, за доброто на државата.
„Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните, Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе ја обезбеди својата иднина“ заклучи Зеќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пендаровски ја призна конекцијата и комуникацијата со балканскиот мешетар Асаф Еисин и се сокри од јавноста. Го нема со денови да излезе и да даде одговори, дали тој, дали СДС, дали Ковачевски или сите комплет го ангажирале Еисин за консултации“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој скандал е дотолку поголем што постојат сериозни индиции дека овој сомнителен лик е ангажиран за креирање на црната кампања на власта и за тоа според основани сомнежи се плаќа со пари во кеш. Овие црни пари не се водат во ниедна евиденција и се испумпани од криминалните тендери во РЕК Битола.
Надлежните институции треба овој случај детално да го проверат, бидејќи ангажманот на мешетарот Еисин и двете лица кои му помагаат а кои се сместени во еден скопски хотел, не фигурира во ниеден извештај. Доколку актуелните институции не го истражат овој случај, тогаш после промената на власта се ќе биде детално проверено. Време е за промени, а наскоро после тоа ќе дојде и времето за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Нема промена во ДПМНЕ, над 80% од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади“, велат од СДСМ
„Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија свртена кон минатото. Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.
„Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред.
Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен.
Нивната работа изминатите четири години ја одбележаа одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од ДПМНЕ.
Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.