Македонија
(Видео) Клучниот проект на градоначалникот на Ѓорче е зголемување на неговата плата
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски продолжува со расипничкото трошење на парите на граѓаните, а колку повеќе се расфрла толку помалку е заинтересиран за круцијалните проблеми со кои се соочуваа општината, порача Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клучниот проект на Наумовски во година и половина раководење со општината е зголемување на сопствената плата за 4.100 денари, пари со кои примателите на социјална помош преживуваат во текот на целиот месец. Сега платата на градоначалникот изнесува 65 илјади денари, со што тој зема плата речиси три пати поголема од просечната во Република Македонија“ вели Стојаноски.
Тој додаде дека додека ѓорчевци се гушат поради енормното загадување, кое пред само некој ден достигна 800 микрограми на метар кубен пм 10 честички, што е за 16 пати над дозволеното, Наумовски ужива во локалните кафеани трошејќи ја платата која сам си ја покачи.
Решение за аерозагадувањето нема, вели Стојановски, иако во предизборната кампања за локалните избори ветуваше експресно надминување на овој најгорлив проблем на граѓаните.
„Наумовски заборави и на своите ветувања за изградба на базен и градинка во општината од кои по година и половина се уште нема ни трага ни глас. Пари нема за овие клучни проекти кои тој им ги вети на граѓаните на општина Ѓорче Петров. Но затоа има 1 милион денари за репрезентација, односно за јадење и пиење, повеќе пари за покачување на сопствената плата и за нови партиски вработувања. Наумовски е срам за општината и време е да си замине“ нагласи Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.