Македонија
(Видео) Ковачки: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации
„Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски. Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување инциденти и ескалација сакаат на брзина да им помине предавството“, обвини денеска на прес-конференција пред Владата – Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пионот Ковачевски треба да ѝ одговори на македонската јавност дали зад уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ. Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти. Откако власта виде дека граѓаните, десетици и десетици илјади мирно и достоинствено кажаа не, без ниту едно догорче или навреда кон полицијата, почнаа да смислуваат, а сега веќе и да спроведуваат сценарија со провокатори“, рече Ковачки.
Тој потенцираше дека „Ковачевски и Спасовски, не може да го разбиете единството на народот. Не може да ја уништите енергијата оти досега никој не победил народ. Нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ. Бугаризацијата и насилството се нивни, силата на мирниот народ и вистината се наши“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.