Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски е предавник на највисоките национални интереси на Република Македонија
Од СДСМ го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека со денешното однесување, како што велат, покажал дека не успева и не сака да го препознае моментот.
„Наместо иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски избра да остане во темното минато, на страната на криминалот, изолацијата, темнината. Тој сака и граѓаните да останат во темнина. Денеска, по лидерската средба сè стана јасно. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека им бил важен изборот на ДИК со двотретинско мнозинство. Лажеа дека сакаат во ЕУ и НАТО, лажеа дека сакаат правна држава и реферeндум на кој граѓаните ќе одлучат.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаа една и единствена цел – амнестија на криминалот по секоја цена. Дури и по цена да нема референдум, доколку нема амнестија.
ВМРО-ДПМНЕ партијата што една деценија заговараше рефернедум, денеска избега од таквата обврска. Мицкоски вели дека сака во ЕУ и НАТО, а не поддржува ниту еден чекор кон таа цел. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја испуштија шансата да застанат зад македонските национални интереси. Отсега па натаму историјата ќе им суди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Како парламентарно мнозинство имаме обврска да ја обезбедиме иднината на нашата држава и тоа ќе го направиме. ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Ќе победи волјата на граѓаните! Македонија ќе успее.
СДСМ со сите сили и со сите политички партии кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможи да победи волјата на граѓаните“, порача Костадин Костадинов од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.