Македонија
(Видео) Кузеска: За колку тегли мед на Мицкоски пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје?
Пред само шест месеци, во март оваа година, Христијан Мицкоски рече дека преговорал за набавка на 100 нови електрични автобуси за потребите на ЈСП „Скопје“.
Од партиски настан, од партиска говорница, Мицкоски се стави во улога на градоначалник на Скопје и говореше во името на неговата кандидатка, а потоа и градоначалничка Данела Арсовска, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Да го слушнеме Мицкоски:
„Втората работа за која сакам денеска да зборувам е практично еден голем проект, позитивен. Инвестиција за Скопје и скопјани во делот на организираниот превоз. Изминатиов период сериозно работевме на контакти и разговори и преговори со неколку светски компании што произведуваат електрични автобуси. Нови минимум 100 електрични автобуси, кои приближно годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони еден“.
Мицкоски самиот се промовира како шпицен градоначалник мешајќи се во нешто што не е негова надлежност. Мицкоски говореше во името на Арсовска партизирајќи ги институициите и ставајќи го Градот целосно под негова капа.
Скопје стагнира цела година. Поминаа месеци, избувна корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички именител на сите овие скандали се парите и бизнис-интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо друго.
По кавгата со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри, како Пeрински, се фатени со рацете во медот. По шест месеци, нема ништо од спектакуларно најавуваните 100 електрични автобуси од Мицкоски.
Дали парите и бизнис-интересите на Мицкоски и неколкумина околу него во ВМРО-ДПМНЕ е причината за тоа? Шпицниот градоначалник Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори: Колку тегли мед се причината што пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје?“, порача Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица
Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци и секаде каде што одев преовладуваше една иста мисла. Време е за промени време е Македонија да престане да губи време Македонија да почне да победува- кажа Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ3 од митингот во Ранковце.
„Време е Македонија да ја вратиме во рацете на граѓаните, затоа што Македонија ни е одземена, ни е украдена и затоа што Македонија ни е понижена. Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица. Значи луѓе со 13 пратеници во изминатиот период успеаја да ја девастираат Македонија. Да го уништат системот да ги уништат институциите“, кажа Ковачки и додаде:
Здравството не функционира, земјоделците ни велат немаме загарантирана откупна цена, немаме вода за да си ги наводнуваме нашите ниви, немаме откупни центри епа затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе вложи 800 милиони евра само за земјоделците. Ќе ги реновираме сите водоводни канали. Ќе воведеме откупна загарантирана цена и ќе отвориме нови откупни центри.
Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува 5 000 денари покачување на пензиите за сите. Ветуваме проширување на позитивната листа на лекови. 250 милиони евра директна помош за Општините.
„ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација на следните проекти: Изградба на делницата од Страцич (Чатал) до Длабочица како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 до Република Бугарија. Ќе се работи на изградба на канализациона мрежа за Опила, изградба на патен правец с. Петралица до село Баратлија, изградба на општински пат Радибуп до Средна маала, како и повеќе други проекти кои заедно со Општината Ранковце ќе ги реализираме“, нагласи Ковачки и додаде:
За сето тоа потребна ни е поддршка, масовната излезеност за пет дена од сега ни е многу важна. Поддршка на 24-ти април за г-ѓата Гордана Силјановска Давкова. Потоа на 8-ми мај да славиме голема и убедлива победа, да си ја вратиме Македонија.
Македонија
(Видео) Милошоски: Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш, реконструкција на стоковната куќа и инфраструктурата ќе бидат во првите приоритети
„Би сакал да изразам благодарност за поканата од страна на градоначалникот и соработниците на Општина Радовиш. Од она што може да се забележи општина Радовиш во моментов има два крупни проблеми, првиот е еден мал скромен буџет, а вториот проблем е што самата централна власт на општината и прави опструкции со политички намери“, рече Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник во изборна единица 4.
„Со промената на власта овие два проблеми за Радовиш ќе бидат надминати, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.
Реконструкцијата на стоковната куќа и нејзината пренамена во објект кој ќе го користат граѓаните и ќе биде од јавен интерес е еден од првите проекти на кој сакаме да дадеме поддршка на општина Радовиш.
Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.
За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде. Нам ни треба разликата да биде поголема по број на пратеници за да можеме како влада да не зависиме и да не бидеме уценувани од други политички субјекти и да ја постигнеме нашата политичка цел, формирање на влада во која нема да учествува ДУИ.
Сметаме дека оваа партија досега не направи добри работи, напротив, стана еден фактор на висока корупција и криминал и ВМРО-ДПМНЕ има намера во новата влада да не вклучува вакви субјекти за да можеме реформите и на државата и помошта на општините да ги спроведуваме на поефикасен начин“, соопшти Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник во изборна единица 4.
Македонија
Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.