Македонија
(Видео) Кузеска: Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ повлекуваат и политичка одговорност од Мицкоски, време е за оставка
Пресудите за „Плацеви на Водно“ се уште една потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите, многу добро го знаат: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија!, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Шефот на Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 7 години затвор. Конфискуван му е имот затоа што незаконски го стекнал, перел пари, незаконски се богател преку криминални Белизе-шеми. Овој докажан и потврден криминален срам за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е огромен. Прво затоа што во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски. А потоа, Мицкоски станува и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Кузеска.
Според неа, во предметот „Плацеви на Водно“, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ.
„Парите ги перел со Белизе шеми и други криминални начини за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно. Зошто Мицкоски молчи? Зошто се уште го брани криминалецот, неговиот шеф? Барем за парите од ВМРО-ДПМНЕ нешто да кажеше? Или Груевски му е најаважен, тој му е над се? Има бројни пресуди и признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ за криминал. Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност. Ниту еднаш“, додаде таа.
Смета дека единствената политичка агенда на Христијан Мицкоски сите овие години е како да ја кочи правдата, државата, за го одбрани криминалот на Никола Груевски.
Оценува дека во оваа нереформирана партија нема никаква промена.
„После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка. Во едно демократско општество, како и насекаде во демократскиот свет, не може политичари кои бранат криминал да добијат доверба од граѓаните“, потенцира Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.