Македонија
(Видео) Лефков: Фирмата на Ковачевски и кумот заработиле 2 милиона евра само од државни тендери
Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт. Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Аферата „Броило“, вели тој, покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со влијание за стекнување сопствена корист.
„Премиерот и дезертер Димитар Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов ја основале ‘Пиксел груп’ на 3.11.2017 година, 5 месеци откако СДС прави влада. Значи, Заев е премиер, а СДС власт, веднаш потоа Ковачевски станува и заменик-министер за финансии. ‘Пиксел груп’, основана од Ковачевски и кумот Паунов, во изминатите 5 години станува централна фирма околу која се вртат 26 милиони евра за соларниот картел. Но, денес, во аферата на дезертерот Ковачевски, ‘Броило’, ќе презентираме нови факти“, посочува Лефков.
Втората фирма, која се јавува како изведувач на работи е „КМГ ЕОЛ квазар“, како што појаснува Лефков, била основана од кумот на Ковачевски, Паунов.
„Летале државни тендери за фирмата на кумот, која е дел од аферата ‘Броило’. Кумот на Ковачевски добивал работа од државата, а денес со Владата раководи токму Ковачевски. ‘КМГ ЕОЛ квазар’ ги добива најголемиот број од договорите со државата кога на власт е СДС. И во рок од неколку години овие фирми го монополизираат пазарот. ‘Пиксел груп’ за неполна година од основањето гради фабрика во Кочани за производство на фотоволтаични панели. На отворањето е присутен цел СДС. Со доаѓањето на СДС на власт почнуваат и тендерите и зделките за соларниот картел. Имено, преку ‘КМГ ЕОЛ квазар“, откако СДС на власт, земени се 2 милиона евра државни тендери“, додава Лефков.
Според него, се одело од крупни до најситни тендери. Па, така, како што истакна, само преку ЈКП “Комуналец“ од Свети Николе во 4 наврати „КМГ ЕОЛ квазар“ зела над 100 илјади евра.
„Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис-партнер на дезертерот Ковачевски.
Само од ЕВН и државни тендери, што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис-партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра. Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери? Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со Владата, кумот добива“, додава Лефков.
Потенцира дека додека народот гладува, цените растат, а Ковачевски се богати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
Стевчо им се заблагодари на сите коишто гласаа за него… поединечно
— Dimano (@dimanovski) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.